12. Во мене длабоко
Едно нешто сокриено,
неодгатливо длабоко
во мене
со години, со векови
ми го одржува
внатрешниот свет
граден меѓу
порази и залудности,
надградуван меѓу
заблуди и сомнежи,
рануван, скрвавуван
од студенини.
Не значи ништо
дека е тоа љубов
неизгаслива.
Да, останува
во мене длабоко
и ми го одржува
внатрешниот свет.
Штотуку една птица
преселничка
одвај прелета бездна
преуморна
од безнадежност.
Дека до смрт нема
умирачка.