Потребно време за читање: 5 минути

113. Напредок

Се напредува според силите, можностите и вредностите. Се напредува според знаењата и способности. Некој побавно, некој побрзо, некој постапно, а некој скоковито.Не чини пребавно, пребрзо, нечини наеднаш, прекутрупа

А стоење во место…Тоа е невозможно сè дури се има, се одржува и се поттикнува незадоволство, еднакво и недоволството. Од состојба/состојби и од перспектива/ перспективи. Кога трае долго, та предолго, задоволстството значи и назадување.

Човекот постојано напредува, од една достасана цел кон друга, светот од него и со него, а животот може или не може, мора или не мора заедно со него. Животот постојано напредува за на човекот да му даде смисла на постоењето и траењето.

Македонски народни пословици и изреки

Веков ет скала: едни луѓе се качуаат, а друѕи слегуаат.

Од еден кол до други голем фарк има.

Колку одиш повисоко, толку гранката е потенка.

Пократкиот пат колата ја крши.

Дрвото се познава по плодот.

Пословици и изреки од народи на светот

Орелот кој сака да го стигне Сонцето не смее да ги опушти крилјата. (Германска)

Ако сакаш да патуваш брзо, патувај сам. Ако сакаш да стигнеш далеку, патувај во друштво. (Африканска)

Секогаш е добро да заштедите или инвестирате за иднината. (Африканска)

Одважете се да дејствувате откако добро ќе размислите. Кога ќе почнете да дејствувате, престанете да мислите за тоа. (Јапонска)

Потребната врска меѓу движењето и времето е вистинска, времето е нешто што душата го создава во движење. (Арапска)

Она што допрва доаѓа е подобро од она што исчезнало. (Кинеска)

Високата светлина е далеку сјајна. (Кинеска)

Одете и ќе најдете камен на патот што не можете да го преболите или поминете. (Шпанска)

Не оставајте го стариот пат за нова патека. (Шпанска)

Од еден камен не се прави град. (Српска)

На високите смреки виорот врвовите им ги крши. (Српска)

 

Латински изреки

Да не се напредува значи да се назадува. (Non progredi est regredi.)

Оној што се плаши нема да успее подалеку од тој праг на стравот. (Sedit qui timuit ne non succederet.)

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 151

 Домисла, гесло, мисла водилка

Незадоволството е поттик на напредокот.
Махабхарата

Ако сакате да постигнете величина, престанете да барате дозвола.
Анонимус

За да живееме со креативен живот, мораме да го изгубиме стравот дека ќе згрешиме.
Анонимус

Оние што се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот, тоа се оние што тоа го прават.
Анонимус

Секој ден направете една работа што ве плаши.
Анонимус

Можеш сè, ама не сè.
Анонимус

Рекле, издумале

Не можеме да напредуваме сè додека имаме причина да чувствуваме страв, срам  и омраза.
Рамакришна

Напредокот е постепен развој на завладување на човекот над материјата. Над сè, тоа е развивање на неговата моралност.
Робер Жак Турго

Оној што напредува ниту осудува, ниту фали, ниту се жали на кого било; тој за себе никогаш не зборува како за некоја мудра и значајна личност.
Епиктет

Секој напредува во она на што најмногу внимание посветува.
Френсис Бекон

Качувањето на позиција е тегобно, и луѓето со мака доаѓаат до уште поголеми маки.
Френсис Бекон

Разумните луѓе себеси му се прилагодуваат на светот; неразумните се упорни во обидот светот да го прилагодат на себеси. Оттука, сиот напредок зависи од неразумни луѓе.
Џорџ Бернард Шо

Напредокот е мајка на проблемите.
Гилберт Кејт Честертон

Незадоволството е првиот чекор кон напредокот на еден човек или на еден народ.
Оскар Фингал Вајлд

Не верувам во напредок, туку во постојаност на човечката глупост.
Оскар Фингал Вајлд

Напредокот е остварување на утопии.
Оскар Фингал Вајлд

Луѓето отсекогаш гледале пред себе и се бунеле против постојниот ред. Тоа е добро, инаку не би имало напредок.
Кабир

Дали е напредок кога човекојадец зема вилушка?
Станислав Јержи Лец

Немирот е незадоволство, а незадоволството е прв чекор кон напредок.
Томас Алва Едисон

Да не се напредува, значи да се назадува.
Јохан Волфганг Гете

Да се одважиш-тоа е цената на напредокот.
Виктор Иго

Без спротивности нема напредок. Тоа е закон кој цивилизацијата го следеше досега.
Карл Маркс

Секаде се напредува со помош на туѓи гласови, освен во опера.
Влада Булатовиќ-ВИБ

Некои ја заменуваат напредноста со напредувањето.
Жарко Петан

Напредувајте не преку она што сте успеале да го сработите, туку преку она што сакате да го достигнете.
Калил Џибран

Треба да го увеличите своите недостатоци илјади пати, а да ги затворите очите пред недостатоците на своите ближни. Тоа е единствен пат на вистинскиот напредок.
Махатма Ганди

Ако сакаме да напредуваме, не смееме да ја повторуваме историјата, туку да создаваме нова.
Махатма Ганди

Секоја деструкција е нова креација на повисок степен.
Томас Карлајл

Сите наши соништа можат да се остварат ако имаме храброст да ги следиме.
Волт Дизни

Можностите не се случуваат, вие ги создавате.
Крис Гросер

Обидете се да не станете човек кој има успех, туку обидете се да станете вреден човек.
Алберт Ајнштајн

Ако одиш низ пекол, продолжи да одиш.
Винстон Черчил

Верувам дека единствена храброст што му треба кому било е храброста да се следат своите соништа.
Опра Винфри

Појодвна точка на секое достигнување е желбата.
Наполеон Хил

Ако сакате да постигнете извонредност, тоа можете да го стасате веќе денеска. Од оваа секунда престанете да работите помалку од одлична работа.
Томас Џ. Ватсон

Сиот напредок се довива надвор од зоната на удобноста.
Мајкл Џон Бобак

Луѓето често велат дека мотивацијата не трае. Па ни капењето-затоа го препорачуваме секојдневно.
Зиг Зиглар

Кога имате вистински интерес за живот и љубопитен живот, тој сон не е најважната работа.
Марта Стјуарт

Првиот чекор кон успех го правиш кога ќе одбиеш да бидеш заробеник на средината во која ќе се најдеш првпат.
Марк Кејн

Секогаш кога ќе се најдете на страната на мнозинството, време е да застанете и да размислите.
Марк Твен

Развивајте успех од неуспех. Обесхрабрувањето и неуспехот се две најсигурни скалила до успехот.
Дејл Карнеџи

Не можете да поврзите точки гледајќи напред; можете да ги поврзете само гледајќи наназад. Значи, верувате дека точките некако ќе се поврзат во вашата иднина.
Верувајте во нешто-во своето црево, судбината, животот, кармата, во што било. Ваквиот пристап никогаш не ме изневерил и направи разлика во мојот живот.
Стив Џобс

Два пата се разидоа во шума, а јас одев по оној по кого се патувало помалку, и тоа ја направи целата разлика.
Роберт Фрост

За да постигнеме големи работи не само што мораме да дејствуваме, туку и да сонуваме, не само да планираме, туку и да веруваме.
Анатол Франс

Големината на постигнувањето мерете ја со пречките кои сте морале да ги совладате за да ги постигнете своите цели.
Букер Т. Вашингтон

Можеби ќе морате да ја водите битката повеќе пати за да ја добиете.
Маргарет Тачер

Напредокот никогаш не се изборил со согласност на сите.
Боривое Јевтиќ

Земјината топка се тркала кружејќи вечно напред, а прастарите идеи можат да се тркалаат само во прашината на нејзиниот изминат пат.
Моша Пијаде

Светот сепак напредува: наместо воено насилство, насилство без војна.
Карел Чапек

Кога оние што одат по нас не можат да нè стасаат, се колнат дека сме заскитале.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Секој напредок е следен со немир, а без напредок нема задоволство. Затоа никогаш нема да постигне среќа оној што ја бара во смиреност.
Јожеф Етвеш

Патот кон напредокот на светот водел од губилиште до губилиште, од спалување до спалување.
Вендел Филипс

Напредокот тече според закон кој ниедна човечка моќ не може да го уништи; тој се развива степен по степен во непосредна мена на елементи кои ја изразуваат животната активност.
Ѓузепе Мацини

Но ако зборуваме за напредок во животот, мораме да разбереме дека она што е „добро“ е различно од она што е „подобро“.
Пауло Коелјо

Никогаш во животот не сум му завидувал на човечко суштество кое водело лагоден живот. Сум им завидувал на голем број луѓе кои воделе тешки животи и ги воделе добро.
Теодор Рузвелт

Зборувај тивко и носи голем стап; далеку ќе отидеш.
Теодор Рузвелт

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here