ВО ЖИВ ПРОСТОР ЖИВО ВРЕМЕ, Доживотна мисла, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

7. Во чикмак и од него

Влеговме јас и мојот свет
во чикмак од кој не знам
дали ќе излеземе некогаш.

Секако не вакви
какви што сме.

Влеговме по предолго
патешествие
низ празнотии на зборови
и низ мрачнини на тишини
како заскитани, бесцелни,
како осаменици скаменети.

Секако не вакви
какви што сме.

Извесно е дека чикмаков
нема почеток ни крај,
па затоа немаме надеж
дека ќе достоиме до залез
на живот одживеан
низ огнови
земни и небесни.

Секако не вакви
какви што сме.

Leave the first comment