ДУМА, ОПИТ, УКА

Потребно време за читање: 7 минути

107. Добродетел-Доброчинителство-Дарежливост

Добродетелството и доброчинителството односно дарежливоста се секогаш во каузална врска, но се остваруваат и самостојно во зависност од околностите. Трите, слични но не исти, го докажуваат и затврдуваат човечкото во човекот. Уште ако се има предвид нивната „блискост“ со доблеста, алтруизмот, па и богатството на духот, воопшто не е случајно дека во сите времиња и во секое време заедно и одделно се промислуваат во своето суштествено опстојување и својата постојаност.  

Македонски народни пословици и изреки

Добрите дела тешко одат, а злите ѕвонат како ѕвонци.

Еден драм милос (љубов) да има чоеко, одошто ока алтани да дават в црква.

Фрли зад тебе, ќе најдеш пред тебе.

Пословици и изреки на народи во светот

Ако сакаш да сториш добро дело, не прашувај никого. (Турска)

Кој дава за да добие, не дава ништо. Ако дадеш штоф, ќе ти бараат постава. (Турска)

Маните на богаташите ретко кој ги забележува, добродетелствата на сиромавите ретко кој ги гледа. (Полска)

Едно единствено „еве ти“ вреди повеќе од десет „небото нека ти помогне“. (Кинеска)

Оној што возвраќа подарок, ни ја намалува радоста на давањето. (Кинеска)

Латински изреки

Кој сторил добро дело, нека молчи; нека зборува оној што го примил.

Давам да дадеш. (Do ut des.)

Добродетелта е самата на себеси најголема награда.

Двапати дава оној што брзо дава. (Bis dat qui Gito dat.)

Добродетелта треба да се фали и кај непријателот.

Добро е да се подари таму кај што никој не моли.

Нема спас без доброчинителство, нема доброчинителство без работа.

Добри луѓе го мразат гревот од љубов спрема добродетелта.

Вистинска добродетел е да се биде без мана.

Домисла, гесло, мисла водилка

Сиромавиот му прави на богаташот повеќе пријамќи го неговиот дар, одошто богаташот што му укажува доброчинителство.
Талмуд

Не фали го човекот кој благодарен возвраќа на добродетелство; само оној што со добро наплатува зло, заслужува да го цениме како добар.
Панчатантра

Рекле, издумале

Ако се сака добро да се владее со луѓе, подобро е да се искористат нивните мани одошто добродетелства.
Наполеон I Бонапарта

Луѓето измислиле многу необични добродетелства, но најнеобична е скромноста. Ништото мисли дека станува нешто ако признае: јас сум ништо!“
Фридрих Хебел

Не можеме без своите гревови; тие се главен пат на нашата добродетел.
Хенри Дејвид Торо

Најголем доказ на добродетелство е да се има неограничена моќ, а не да се злоупотребува.
Дени Дидро

Нашите добродетелства се најчесто само прикриени мани.
Жан-Жак Русо

Гордоста раѓа многу добродетелства.
Вилијам Колинс

Според добродетелствата нè оценуваат само нашите пријатели, а нашите непријатели нè оценуваат според нашите мани.
Јован Дучиќ

За жал, постојат добродетелства што можат да ги покажуваат само богаташите.
Антоан де Риварол

Разумниот дух е родител на секоја дарежливост, но исто така и на многу неволји.
Оноре Габриел Мирабо

Скромноста би морала да им биде добродетел на оние што немаат други добродетелства.
Абрахам Линколн

Добродетел најмногу се стекнува со пот.
Алдоус Хаксли

Добрината не се состои толку во воздржување од пороци, колку во немање желба за нив.
Џорџ Бернард Шо

Проблемот со луѓето кои немаат ниеден порок е токму фактот дека истите тие поседуваат мошне незгодни добродетелства.
Елизабет Тејлор

Страстите се мани или добродетелства, но засилени.
Јохан Волфганг Гете

Беше курва и тоа беше нејзина добродетел.
Хенри Милер

И доброчинителствата на еден човек ние ги примаме и ги цениме целосно само ако ни се укажуваат во форма која соодветствува на нашите сфаќања и наклоности.
Иво Андриќ

Ништо не вреди потеклото кога човек нема добродетел.
Жан-Баптист Поквелин Молиер

Оној што мисли дека ќе ги задржи добродетелствата на своите предци со голем број кучиња, птици и коњи, скитајќи по ловиштата и шумите, тој го потврдува своето потекло меѓу животните.
Поѓио Брачиолини

Секое дело на вашата добродетел е слично на ѕвезда која се гаси: нејзината светлина е сè уште на патот на својот ѕвезден простор-и кога таа ќе го заврши тој пат? Така и светлината на вашата добродетел е сè уште на патот, и кога делото е исполнето. Па нека е и заборавено и мртво, сепак неговата светлина засекогаш ќе остане.
Фридрих Вилхелм Ниче

Со самата добродетел не се втемелува владеењето на добродетелта; со добродетелта се отстапува од моќта, се губи волјата за моќ.
Фридрих Вилхелм Ниче

Мора да се поседуваат сите добродетелства за да се спие добро.
Фридрих Вилхелм Ниче

Добродетелта е победа на волјата над инстинктите.
Имануел Кант

Добродетелта е морална сила во вршењето на својата должност. Таа не смее да стане навика, туку мора да биде нова и изворна-да произлегува од мислите.
Имануел Кант

Вистинската сила на добродетелта е смирен дух со цврста одлука својот закон да го примени во практиката.
Имануел Кант

Добродетелта е внатрешна убавина.
Френсис Бекон

Добродетел без мудрост е убавина без очи.
Балтазар Грацијан

Способноста и величината треба да се мерат според добродетелта.
Балтазар Грацијан

Идолот не сака да го види својот вајар, ни доброчинителството на совојот доброчинител.
Балтазар Грацијан

Блаженството не е награда на добродетелта: тоа е сама добродетел. Ние не наоѓаме радост затоа што ги контролираме нашите страсти. Напротив, наоѓајќи радост во добродетелта, способни сме да ги контролираме нашите страсти.
Барух Спиноза

Додека убавината ги одушевува очите, добродетелта ја освојува душата.
Папа Франциск

Добродетелта не цути, но плодови раѓа.
Игинио Уго Тарчети

Добродетелта на самате себеси е доволна за среќен живот.
Цицерон

Вистинската љубов и дружељубието можат да бидат само меѓу луѓе кои ја почитуваат добродетелта.
Цицерон

Добродетелта го истакнува пријателството и го одржува.
Цицерон

Има еден природен закон, заеднички на сите луѓе, важен и непроменлив, кој ни препорачува доброчинителство и забранува неправда. Тој закон не е еден во Рим, а друг во Атина, ниту различен денес од оној што ќе биде утре. Општ, невидлив, секогаш ист, тој ги опфаќа сите народи и сите времиња.
Цицерон

Силата на човечката добродетел не се мери со нејзините исклучителни подвизи, туку со нејзиниот секојдневен напор.
Блез Паскал

За добродетелта ниеден пат не е непрооден.
Овидиј

Никој случајно не станал добар; добродетелта треба да се научи.
Сократ

Лажлив е угледот што го наследуваме од предците; тој брзо исчезнува ако не го следи сопствена добродетел.
Николо Макијавели

Добродетелта е единствено благородништво.
Јувенал

Ни пустинската колиба, а уште помалку бојата на кожата не раѓа во нас добродетел; добродетелта ќе ја стекнеме со добри дела. Поради тоа никој нека не им го прави на други она што нему не би сакал да му прават други.
Јагнавалкија

Човекот има доволно добродетелства ако на нивна сметка заслужи проштевање за своите грешки.
Георг Кристоф Лихтенберг

Ако раѓањето те направило несреќен, дали не зависи од тебе да го корегираш со свои добродетелства?
Епиктет

Добродетелствата, како и есенцијата, го губат својот мирис кога се изложени.
Вилјем Шенстон

Од сокриената добродетел и закопаното богатство нема корист.
Плутарх

Добродетелта не би одела толку далеку ако суетата не ѝ прави друштво.
Франсоа Ла Рошфуко

На човек му треба повеќе добродетел за да поднесе среќа одошто несреќа.
Франсоа Ла Рошфуко

Како и плодовите, така и човечките добродетелства имаат свои сезони.
Франсоа Ла Рошфуко

Злото што го правиме не навлекува на нас толку гнев и омраза, колку нашите добри особини.
Франсоа Ла Рошфуко

Вистинско добродетелство е она што се прави без сведоци.
Франсоа Ла Рошфуко

Луѓето не само што се наклонети да ги заборават доброчинителствата што им се сторени, туку дури и ги мразат оние на кои мораат за нив да им се заблагодаруваат.
Франсоа Ла Рошфуко

Супериорната добродетел не е свесна за себе како добродетел и поради тоа е навистина добродетел.  Инфериорната добродетел не може без добродетел и поради тоа не е добродетел.
Лао-Це

Не постои апсолутна добродетел-постојат околности.
Оноре де Балзак

Да се остане доследен на добродетелта, тоа е возвишено мачеништво.
Оноре де Балзак

На ниедна добродетел, која има свои корени во стравот, не треба многу да ѝ се восхитуваме.
Оноре де Балзак

Повеќето од луѓето кои ѝ се одушевуваат на добродетелта не ги следат нејзините совети.
Џон Милтон

Добродетелта има многу проповедници, но малку испосници.
Клод Адриен Хелвециус

Не постои добродетел која бедата не ја расипува.
Никола Шамфорт

Да се дава е потрајно задоволство одошто да се прима, зашто оној што дава многу подолго се сеќава одошто оној што прима.
Никола Шамфорт

Добро е да се биде без мани, но не е добро да се биде без искушение.
Волтер Багеот

Добродетелствата на обичните граѓани се мани на светците.
Ралф Валдо Емерсон

Добродетелта ја следи завидливост.
Јулиј Непот

Најдобар пример на добродетелство е: да се поседува неограничена моќ, а не да се злоупотреби.
Томас Бабингтон Маколеј

Среброто е помалку вредно од златото, а златото од добродетелта.
Хорациј

Добродетелта, дури и кога не би имала никакво влијание на среќата, не би заслужувала да биде помалку предмет на на нашите барања и нашите настојувања.
Аристотел

Луѓето сметаат дека е доволно да се има сосем малку добродетел додека, од друга страна, сметаат дека бескрајно ги зголемуваат богатството, имотот, моќта, славата и сè што е слично на тоа.
Аристотел

Добродетелта сама не е во состојба да гарантира солидна егзистенција-заедно со неа се потребни здравје и малку пари.
Аристотел

Добродетелта поживо ја гонат никаквеци, одошто ја поздравуваат честитите.
Мигел де Сервантес

Чудно е како доброчинителството ми донесува само штета, додека моето зло никогаш не ми наштетило. Сепак, јас упорно го продолжувам своето доброчинителство.
Калил Џибран

Најдобриот пат кон добродетелта е да се избегнува она што го осудуваш кај други.
Талес

Кај што има страв, има и надеж за добродетел.
Семјуел Џонсон

Оној што си го дал, твое е; она што си го задржал, туѓо е.
Лав Толстој

Само се два извора на човечките пороци: мрзеливоста и празноверието. Само се две доброчинителства: работа и разум.
Лав Толстој

Сфати дека целиот живот е давање и затоа давај со волја.
Свами Вивекананда

Смртта е така близу, а времето за пријателски дела така ограничено!
Хазрат Али

Сокривај го доброто што си го сторил, а обзнани го она што ти е сторено.
Хазрат Али

Дарежливоста се состои помалку во давање многу, отколку во давање малку во вистинско време.
Жан д Ла Бриер

Последиците од нашите добри дела нè прогонуваат неумоливо и често ги поднесуваме потешко одошто последиците од нашите злодела.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Добродетелсвата ни се мили кога знаеме дека можеме да ги возвратиме, но ако се премногу големи, тогаш наместо љубов се раѓа омраза.
Тацит

Ние мислиме дека љубовта и доброчинителството ќе изменат сè. Всушност, тие се  наш отров-отров за давателот и уште повеќе за примателот.
Дејвид Херберт Лоренс

Кој вели дека сторил доброчинителство, бара тоа да му се врати.
Публилиј Сириј

Да се прими доброчинителство значи да се продаде слободата.
Публилиј Сириј

Доброчинителствата што ни се прават ги запишуваме во песок, а навредите ги врежуваме во камен.
Томас Мор

Не е мило она доброчинителство што долго се задржало во рацете на давателот.
Луциј Анеј Сенека

Никој не е случајно добар; добродетелта треба да се научи.
Луциј Анеј Сенека

Поседувањето се докажува само со давање. Сè што не сте подготвени да дадете ве поседува.
Андре Жид

Кој очекува да му се возврати доброчинителство, не го заслужува името на доброчинителот.
Питагора

На два начина луѓето можат да личат на боговите: зборувајќи ја вистината и правејќи им добро на луѓето.
Питагора

Доброчинителството е единственото богатство што се зголемува со давање.
Чезаре Канту

На дарежлив човек зло му се подготвува ако одзади очи нема.
Вилијам Шекспир

Leave the first comment