АФОРИЗМИ И ДРУГИ ЈАДРОВИЗМИ ИЛИ ПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА I

Потребно време за читање: < 1 минута

  1. Едно утро гледам и се чудам:
    Природата природна и чиста; нема народ и малцинства, туку само етникуми; политичарите со луѓе и меѓу луѓе, просто не се препознаваат; се вејат знамиња и се пеат химни на сите етникуми; судовите никому не му судат, занданите празни; се измешале млади и стари во кафеани и кафулиња; продавниците, маркетите и моловите преполни со купувачи, има да се купи од пиле млеко до џигер од крокодил, од игла до локомотива…Луѓето пијат нафта!
    Си удирам по образи и по чело неколку шлаканици за да проверам дали сум буден и не сонувам-буден сум! Очигледно, ме обзела фантазмагорија!

Leave the first comment