286. На пат
На пат сум сè уште
далеку од беспатје.
287. Во пустина време
Немерливо време
во недоглед.
288. Мртов поет
Еден мртов поет
жив меѓу живи.
289. Мрачно е
Од дамнина е мрачно овде сега,
без огнови во домашни огништа.
290. Збогување
Се збогувам со себеси
пред да ми угаснат очиве.