Потребно време за читање: < 1 минута

36. Неразделни

Човекот во пајакова мрежа
и жената во црнина
исправени среде нов круг
на нивен врв
мигум станаа неразделни;
за пред секакви премрежија
што ги демнат
на секој нивен чекор,
како да се призраци
надојдени од незнаен свет.

Сите што ги гледаат,
што ги следеа и ги следат
нивните доживелици
сегашни во идни,
веќе ги знаат,
научија да ги препознаваат
со свои и со една нивна,
заедничка сенка.

Одвреме-навреме само неа
без нив,
прашувајќи се дали
во меѓувреме сосем
се осамостоила,
та не ѝ требаат,
та може без нив да игра
некоја игра за откривање,
сокривање
и загадочни пројави.

Станаа неразделни
дека допрва ќе им треба
нивната доодена
во нова врвица до врв.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here