20. Знаење
Македонски народни пословици
Чоек се учи со збор, а мечка со стап.
Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна.
Учи се од млад, за кога ќе остареиш да не ти бидит жал.
Учи лудо, да е полудо; учи мирно, да е помирно.
Учението е четири очи.
Ум со пари не се купуат, ами со мака по наука.
Умниот е јунак, а не силниот.
Умно учи, да биди поумно.
Ти кај што одиш, јас отаде идам.
Тешко на умните меѓу будалите.
С учен до праг-с умен до век.
Со инка ум не се турат.
Со збор сè е полесно.
Секакви пилци секако појат.
Саде Господ знаит што има на сио век.
Прво мисли, после прај.
Пилците се познаваат по пеењето, а луѓето по зборуањето.
Не сум с’нце, та секого да огреам.
Неписменио е слеп при очи.
На старост раван не се учи.
Колку знае стопано, (толку и) сето село знае.
Кој нема ума, нема ни дума.
Кој многу зн’јт, многу тргат.
Кој знае, признава и на лажица; кој не знае, не признава и на паница.
Кој знае ногу, ногу се лаже.
Кој знае книга, има четири очи.
Кога не те прашаат, не треба да кажуаш.
Каков му ет умот, таков му е домот.
Зн’ењето е најголемо богатство.
За ошто му е глава, кога е празна.
Да знајш не е марифет, марифет е да умејш.
Во сред слепи и ќорав е цар.
Више вреди човек да е умовит отколку имовит.
Арно е сè да знаиш, ама не требит сè да праиш.
Ако слепец слепца водит, двајцата в ендек ќе паднат.
Пословици од народите на светот
И за ракување со чудотворен меч е потребно умеење. (Корејска)
Знаењето е благо кое својот сопственик го следи насекаде. (Кинеска)
Умот е облека која никогаш не се износува, знаењето е рудник кој никогаш не се исцрпува. (Киргиска и Татарска)
Знаењето е венец на глава, а богатството јарем на вратот. (Персиска)
Знаењето е половина ум. (Туркменска)
Разликата помеѓу знаењето и богатството е во тоа што знаењето нè чува, а богатството ние мораме да го чуваме; знаењето со употребата расте, а богатството се намалува. (Арапска)
Знаењето е почеток на сомневањето. (Корејска)
Не е важно колку знаеме, туку како знаеме. (Француска)
Знаењето е повредно од пари, поостро од сабја, помоќно од пушка. (Грузиска)
Нема луѓе кои се знаат и нема луѓе кои ништо не знаат. (Индиска)
Кога славејот пее, врабецот не се слуша. (Хрватска)
Човек со јаки раце соборува еден, а човек со големо знаење соборува илјада. (Казашка)
Блазе си му на оној кој знае дека не знае, а сака да знае. (Српска)
Знаењето кое секој ден не се пополнува, со секој ден се губи. (Кинеска)
Многу знае оној што знае дека не знае. (Германска)
Знаењето без примена како облак без дожд. (Таџиска)
Помеѓу толку мазги може да се нареди и некое магаре. (Италијанска)
Кој многу знае, мора многу и да трпи. (Германска)
Научи на својот јазик да кажеш: јас не знам. (Јапонска)
Никој на светот не е појак од човек кој знае. (Јапонска)
Знаењето е како стеблото на баобабот; еден човек не може да го опфати. (Африканска)
Едни кажуваат што знаат, други знаат што кажуваат. (Романска)
Кој многу знае, од него многу и се бара. (Германска)
За неукиот, староста е зима; за учениот, тоа е доба на жетва. (Еврејска)
Не е срамота да не се знае, туку да не се сака да се учи. (Германска)
Треба многу да се знае за да се знае колку малку знаеме. (Германска)
Разликата помеѓу знаењето и богатството е во тоа што знаењето не чува, а богатството ние мораме да го чуваме, и дека знаењето со употребата расте, а богатството се намалува. (Арапска)
Латински изреки
Повторувањето е мајка на знаењето. (Repetitio mater studiorum est.)
Толку можеме колку што знаеме. (Tantum possumus quantum scimus.)
Колку знаеме, толку и паметиме. (Tantum scimus quantum memoria tenemus.)
Имотот вреди, умеењето уште повеќе, зашто ако имотот пропадне останува умеењето.
Домисла, гесло, мисла водилка
Човек кој е начисто со своите способности, веќе многу знае.
„Nepszabadsag“, унгарски весник
Поголемо знаење е она со чија помош човек ја сознава непроменливата стварност. (Упанишади, староиндиски филозофски расправи)
Што е повредно од златото?-Дијамантот. Од дијамантот?-Знаењето. Од сите добра на светот знаењето е најдобро: тоа не може ни да се земе, ни да се купи, ни да се продаде; тоа останува засекогаш твое, кога еднаш ќе го стекнеш.
Хипопадеша, збирка басни на санскрит