Потребно време за читање: 2 минути

142. Сега јас:
За стојалиштата и доследноста

Морам да проблематизирам уште едно „единство“ во моето дејствување и однесување во минатото и денес како мислечка и творечка личност: помеѓу стојалиштата и доследноста. Немам којзнае колку да кажам за него, но сакам да го потенцирам значењето што отсекогаш сум му го придавал и му го придавам.

Оние што ме знаат, особено со кои сум работел и соработувал, точно знаат на што мислам.

Секогаш сум се трудел и се трудам моите стојалишта да ги изразам, да ги искажам недвојбено, прецизно, да се придржувам на нив и да ги применувам доследно. Некогаш и тврдоглаво, а што, признавам, не е за фалба со оглед на последиците. Многу од моите стојалишта останале, се непроменети, малку сум заменил со други или сум ги напуштил прифаќајќи други, поинакви аргументи и факти.

Што се однесува на доследноста, признавам дека сум бил и сум уште „потвдроглав“. Без оглед што поради неа моите најблиски најмногу пропатија, и тоа буквално имаа егзистенцијални, дури животно загрозувачки последици и недоброј неријатности.

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Конкретно:

Познато е дека на моите „бизнисменски“ противници им требаа цели 10 години за конечно да извојуваат „победа“-да ме принудат да го угаснам „Гром радио“, чии сопственици бевме јас и моето семејство. Познато е зошто: затоа што тоа „им беше“ политички неподобно. Имено, на него секојдневно ги искажував своите стојалишта за многу актуелни општествено-политички состојби, прашања и проблеми; доследно, без никакви, ни најмали отстапки да ги остварувам својата професионална-новинарска, творечка и човечка независност и лична слобода.

И на творечки, конкретно на книжевен „план“ отсекогаш сум ги искажувал и неретко дури жестоко сум ги бранел своите стојалишта и сум ја докажувал својата доследност. „Резултат“: големи, па и повеќедецениски паузи помеѓу објави на мои дела, мал број објавени во книжен формат; непризнавање, премолчување и маргинализирање на моето обемно книжевно творештво; како и моето цврсто стојалиште да не објавам во книжен формат ниедно до крајот на животот.

Кога е збор за „единството“ помеѓу стојалиштата и доследноста имам само едно прашање на кое не сум сигурен дека имам одговор:

Прочитај и за ... >>  БИОГРАФИЈА-БЕЛЕШКИ НА ЕДЕН КНИЖЕВНИК И ОБИЧЕН СМРТНИК МЕЃУВРЕМЕНО

Правило ли стана не само да не се почитуваат, туку и да се напаѓаат, унижуваат, обезвреднуваат оние кои токму со нив ја докажуваат својата самосвест и слободоумност?

Или јас сум редок пример(ок) на мислечка и творечка личност која направила и создала (пре)многу, а одвај некако успеала како стар бел дедо да си обезбеди пензија колку за (пре)скромно старечко живуркање?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here