166. Еден хоризонт
Чуден е овој мој хоризонт.
Ту ми е на дофат, ту предалеку.
167. Предолго
Тој стои предолго на свое место,
а сите по него сè поназад од него.
168. Несреќен
Се гледа сам меѓу луѓе кои
не се познаваат меѓусебно.
169. Љубов исконска
Во моите најдлабоки корени
љубов најсилна, исконска.
170. Голо тело
На врв на сончев зрак
голо тело недопирливо.