ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

71. Сомнение

Има ли или нема
сенка човеков?

 

72. Голо тело

Голо тело на сонце
со разбранета крв.

 

73. Луѓе на улица

На улица од тежини згрбавени
и со од јадости набрчкани лица.

 

74. Ковчеже

Во ковчеже собрани
дребнулии на дребнави.

 

75. Порив

Некој незнаен порив
пред спокојна убост.

Leave the first comment