ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

36. Силен дожд

Од каде силниов дожд?
Кој наеднаш го разврзна?

 

37. Искри во зеници

Сум видел искри од зеници,
ама досега никогаш во нив.

 

38. Надолнина

Може да е надолнина
по рабон на нагорнинава.

 

39. Ненадејна смрт

Ми јавија дека ненадејно
умрела од жалост по ближен.

 

40. Невина смеа

Невина смеа громка
во слобода и љубов.

Leave the first comment