Паметни и глупави деловни промашувања

Потребно време за читање: 2 минути

Дали знаете дека има паметни и глупави деловни промашувања? Листа на 101 најглупав деловен потег во Америка состави магазинот „Бизнис“ објавени во 2010 г. На неа свое место најдоа и многу угледни и успешни компании кои на својот имиџ и углед во јавноста трошат милиони долари, како што се Wal-Mart, Microsoft, McDonald’s, Sony, IGM, Starbucks, AOL и Amazon.com.

Најпознатиот синџир на кафулиња во Америка, Starbucks, им дозволил на некои свои вработени по e-mail да им испратат на своите пријатели купон за Starbucks-овото ледено кафе. Меѓутоа, бидејќи не смислиле технологија со која се оневозможува копирање на купонот, нивниот број бил речиси неограничен. Кога Starbucks ја повлекол понудата, незадоволните сопственици на купоните се обединиле и поднеле 114 милиони долари „тешка“ тужба.

Помеѓу 10-те најлоши се најде Wall-Mart, најголемиот светски трговски синџир, кој покренал рекламна кампања по примерот на политичката кампања која го чинел прв квартален пад на добивката во последните 10-тина години.

Со своите комуникациони вештини не можат да се пофалат ниту одговорните во компанијата RadioShack, оти 400-те свои работници во еден ден ги отпуштила по пат на e-mail, и тоа со пораката: „Редукцијата на работната сила е во тек. За жал, вашата позиција е една од оние што се укинати“.

AOL, во желба својата алатка за пребарување на Интернет да ја популаризира во академската заедница, ги објавил резултатите од пребарувањето на своите корисници со назнака дека е невозможно да се утврди кој што пребарувал. NY Times без многу труд нашол начин да го открие идентитето и со тоа да покрене судска тужба против AOL „тешка“ половина милијарда долари.

Amazon.com им испратил mail на сите свои корисници кои преку него кога било набавиле некој спортски предмет, во кој ја слави победата на универзитетската екипа UCLA. Mail-от не би бил толку промашен ако не бил испратен пред самиот натпревар и ако UCLA на крајот не изгубила со 20 коша разлика.

Раководството на фармацевтската компанија Bristol-Myers Squibb и овозможило на конкурентска канадска компанија на пазарот да продава лек за кој имала патентни права, но само на 5 дена. „Дупката“ од 5 дена на Канаѓаните им овозможила да ги наполнат складиштата на дистрибутерите со лекови во вредност од 525 милиони долари и во истиот износ да и ја „одезмат“ заработката на компанијата која лекот го изумила.

Посебна група на промашувања ја чинат технолошките.

Дека ниту Microsoft не е имун, сведочи тоа што е објавено истражување според кое две третини од вработените за своите пребарувања на Интернет го користат конкурентскиот Google, а не својот прребарувач MSN.

McDonald’s во Јапонија, во рамките на својата промотивна акција, во наградна игра поделил 10.000 mp3 плеери со 5 вградени песни и опасен вирус. Кога добитниците на наградите ја споиле својата награда на сопствениот компјутер автоматски го заразиле со вирусот на McDonald’s.

GM покренал натпреварување во кое барал гледачите да надградат снимена реклама со порака за нивниот нов производ Chevy Tahoe SUV. Спротивно на надежта дека на тој начин ќе добие квалитетна реклама, гледачите им понудиле свое видување на новиот автомобил. Пораките гласеле: „Вчерашната технологија денеска!“ и „Глобалното загревање не е убава реклама за SUV- тоа е застрашувачка стварност!“

Leave the first comment