НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

241.  Од дамнина

Од дамнина вкоренети, а јадни,
се простуваат со своја сеашнина.

 

242. Наземи

Паднале наземи бездомни
пред недогледно беспатје.

 

243. Крикливо

Молскавица крикливо
погодува дрво вековито.

 

244. Брзаци

Пенливи брзаци во матна река
низ големи стени прозрачни.

 

245. Зловреме

Трае зловреме
на длабоки траги.

Leave the first comment