БЕЗБЕЛИ, НА НЕБО ВЕТЕР ФРЛА ДЛАБОК ЗДИВ

Потребно време за читање: < 1 минута

79. Сум дека бев

Да јас сум оној што ти се јавува
во надојден миг од безреден сон
колку да се спомне дека уште
не сум заминал за никогаш повеќе
да не се вратам во ова студенило
од залудни утра и суви ветришта
што ми го кршат лицето
како во распукано огледало

да јас сум овој што те довикува
од брег со остри и високи карпи
на кој никој не може да дојде
ни од небо ни од море
зашто секогаш бев како корен
кому ништо не му значи
стебло ли ќе извиши
плод ли ќе созрее во самотнина

да јас сум тој што те покрива та открива
со суво лисје пред мразна зима
со мртва земја од голо лето
како длабока рана во спомен
на опстој пред молњи и стии
во кој заедно сме биле

Leave the first comment