ВО ЖИВ ПРОСТОР ЖИВО ВРЕМЕ, Залезни мигови, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

27. Воздив на светлина

Ни допир ни трепет,
а воздив на светлина
како миг создателен
се разлеа безвремено
меѓу два чекора
низ неговиот ôд
од сон до стварност.

Воздив на светлина
несогледлив за игра,
недофатлив за сенки
што се обидуваат
да одбранат песна
од магма
во срце на достоен
творец.

Се разлеа безвремено
воздив на светлина
за да остави трага
жива
сосе извор длабоко
во стена грамадна,
со корени исконски.

Leave the first comment