Кој е квартетот што владее со светската храна?
Се тврди дека мала група луѓе денес донесува одлуки кои влијаат врз глобалното снабдување со храна и тој систем на светска доминација го придвижува немилосрдната желба за заработка.
Што се случува со глобалниот прехранбен систем? Со децении едно исто: постојан раст на големи мултинационални прехранбени корпорации кои денес ја контролираат исхраната на барем две третини од светското население, а чие работење е целосно во тајност. Ако луѓето јадат месо, најверојатно ги консумираат и нивната сол, гумата, мастите, глутените, засладувачите или некои други адитиви со кои изобилува денешната храна.
Познати според кратенките ABCD (ADM, Bunge, Cargill и Dreyfus), тие 4 гигантски мултинационални компании го контролират глобалниот систем на производство на примарна храна. Се проценува дека тоа е помеѓу 75% и 90% од глобалниот пазар на житарици, темелна компонента на човечката исхрана, поради што нивната цена ги одредува цените на сите други прехранбени суровини, од месо и риба до овошје и зеленчук. Конкретно, контролирајќи го тој пазар, но и производството на земјоделско семе, хемиски адитиви и ѓубрива, групата ABCD ги детерминира клучните трендови во светското земјоделско производство и исхрана, особено во развиените држави на Северна Америка и Европската унија.
Најголемите помеѓу спомнатите четири-Cargill и Dreyfus, се сосема приватни компании, чии акции не котираат на берза, финансиските извештаи не и се достапни на јавноста, а деловното работење е целосно тајно. Најтаинствен е Cargill, најголемата приватна компанија на светот. Таа е во сопственост на исто семејство од основањето во 1865. година, а vo 2010. нејзините приходи изнесуваат повеќе од 108 милијарди долари. Седиштето повеќе од еден век и е сместено во псевдобарокнен дворец во американското гратче Минетонка, но повеќето од своите деловни операции фирмата ги врши во Швајцарија. Речиси не постои сектор во светската прехранбена индустрија во кој Cargill не е вклучен. Поризведува 50% месни производи кои се продаваат во McDonalnd’s-овите европски ресторани, најголем е снабдувач на глобални прехранбени гиганти како што се Nestléa и Unilevera со растителни и животински масти.
Кога најголемиот британски производител на чипс Walker’s бил соочен со обвиненија дека неговиот чипс содржи штетни заситени масни киселини, за помош му се обратил на Cargill кој за само неколку месеци засеал големи површини во Источна Европа со своето ново семе на сончоглед, со помала содржина на масти.
Cargill во Кина, заедно со американскиот хемиски гигант Monsant, увежбал повеќе од 2 милиона локални фармери кои сега работат како негови кооперанти. Се проценува дека големата четворка денес контролира 80% од кинеските капацитети за преработка на соја, а посредно и целокупното тамошно производство на таа житарица.
Ниту останатите компании од групата ABCD не заостануваат многу според приходите. Францускиот Dreyfus, уште една семејна фирма, никогаш не ги објавува своите деловни резултати, но се претпоставува дека остварува годишни приходи од 34 милијарди фунти. Јужноамериканскиот Bunge, водечки светски производител на маслодајни растенија, но и важен играч на пазарот на ѓубрива, минатата година (2010-заб.м.) заработил околу 47 милијарди долари. Последниот член на големата четворка- ADM (Archer Daniels Midland), од американската сојузна држава Дилејвр, во 2010. година имал годишен приход од 62 милијарди долари.
Сите четири членки на групата ABCD во последниве години претставија големи вложувања во посебни модерни видови на хемиски адитиви, наменети за прехранбено-преработувачката индустрија. Со тие адитиви тие компании можат да влијаат врз вкусот, калориската вредност и цената речиси на сета индустриски преработена храна во светот.
Се разбира, таа храна мора да биде усогласена со регулативата и сигурносните стандарди на одделни држави и државни заедници како ЕУ, но бидејќи поголемиот дел од производството е консолидирано во четирите гитантски компании, тие се моќен лоби за притисок врз регулаторните тела. Кога американската влада основа агенција за обнова на земјоделството во Ирак, на нејзиното чело е именуван поранешниот прв човек на Cargill, Дан Амстуц.
Работата да биде уште полоша, пазаришната концентрација на тие фирми е додатно засилена со посебни партнерски договори и удели кои ги поседуваат во компании што се занимаваат со производство на земјоделски суровини. Американските Monsanto и Dupont, швајцарската Syngenta и францускиот Limagrain контролираат половина од глобалниот пазар на земјоделско семе, додека во сегментот на земјоделски хемикалии три четвртини од светскиот пазар држат 6 компании-Dupont, Monstanto, Syngenta, Dow и германските Bayer и BASF.
Од тоа е видливо дека релативно мала група на луѓе денес донесува одлуки кои квалитативно и квантитативно влијаат врз глобалниот систем на снабдување со храна, но иако многумина во тоа ќе видат назнаки на голема теорија на завера и зачеток на систем на светска доминација, мотивот за настанување на таков систем е веројатно многу попрозаичен. Тоа е профитот.
Со исклучок на Cargill и Dreyfus, кои се семејни компании, доминантните сопственички удели во големите компании од прехранбениот сектор ги држат банки и други финансиски вложувачи. На пример, американската банка Wells Fargo спаѓа помеѓу 10-те најголеми акционери во цела низа на големи американски прехранбени компании. Конкретно, Wells Fargo е втор најголем акционер на веќе спомнатиот ADM, потоа на ConAgra и Phillip Morris, петти најголем акционер на преработувачкиот гигант Tyson и шести најголем акционер на Monsanto, но банката е и втор најголем доделувач на земјоделски заеми во САД. Со оглед на таа позиција, деловниот план на Wells Fargo, како и на кој било друг финансиски вложувач, е едноставен-да се зголеми профитот низ заштеда и окрупнување на производството.
Заштедите се постигнуваат низ имплементација на нови технологии, а окрупнувањето низ стандардизација на производството. Wells Fargo како голем кредитор на помали земјоделски производители има можност да го поттикнува на користење на семиња на Monsanto.
Така се добива стандарден род што го откупува ADM, а потоа Phillip Morris го користи во производство на некој прехранбен производ на некои од своите бројни брендови. Повеќето од тие брендови некогаш биле самостојни производители кои стекнале добра пазарна позиција креирајќи квалитетни индивидуални производи, пред да ги преземат и консолидираат големи играчи како Phillip Morris.
Кога потрошувачот ќе купи некој производ на познати компании, како што се млекарницата Sungold, Tombstone Pizza или Kraft, производителот на чоколади Milka, тој веројатно нема поим дека производството на сите тие производи е стандардизирано, дека нивни сопственик е тутунскиот гигант Phillip Morris и оти од познатиот производител чија храна одлучиле да ја купат останал само брендот. Под тој бренд, но и под повеќето други, купиле содржина составена од различни соодноси на сосема исти компоненти, осмислена во канцеларијата на некој безимен банкарски бирократ или во раскошна хала на таинствен семеен дворец во зафрлено гратче во северна Минесота.
(Прземено и преведено на македонски од: http>//www.nacional.hr/)