Велики Четврток

Потребно време за читање: 4 минути

Велики Четврток е ден од Страдалната Седмица.

Според источното христијанство тој е шести ден од Страсната седмица, односно пет дена по Лазароватра Сабота и четири по Цветници. Во западното христијнаство е петти ден од Страсната Седмница, односно четири дена по Цветници.

На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето мна страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва и самото предавство на Христос.

Велики Четврток започнува со Подготовката за Пасхалната вечера, позната како Тајна вечера на Господа Исуса Христа со апсотолите (Матеј 26,17-19; Марко 14,12-16; Лука 22,7-13): „Во првиот ден на Бесквасници, кога го колеа Пасхалното јагне, учениците Негови Му рекоа: ,Каде сакаш да отидеме и да приготвиме, за да ја јадеш пасхата?‘ “ (Марко 14,12). Првиот ден на Бесквасници бил четврток и тој му претходел на празникот кога се колело пасхалното јагне. Јудејците во петок почнувале да ја јадат пасхата, а денот пред тоа го подготвувале пасхалното јагне. Христос ги испратил апостолите Петар и Јован (Лука 22,8), да ја подготват Пасхалната вечера.

Подготвката на Пасхалното јагне, односно Пасхалната вечера била како што предвидува обредниот закон: со горчливи билки, со вино и сè што било потребно за обредот. Господ Исус Христос на оваа Пасхална вечера или Тајна вечера, зел најобични работи: леб, вино, чаша и чинија, и на сето му дал вечно значење како на човечкото тело што го зел врз себе.

Во некои православни цркви се практикува и обредното миење нозе на апостолите за коешто пишува светиот апостол и евангелист Јован во Евангелието (Јован 13,1-17).

Господ Исус Христос го знаел предавникот и на Вечерата го навестил: „И кога седеа и јадеа, Исус им рече: ,Вистина, ви велам: еден од вас, што јаде со Мене, ќе Ме предаде.‘ Тие се разжалостија и почнаа еден по друг да велат: ,Да не сум јас?‘ А Он им одговори и рече: ,Еден од дванаесетте е, што мака со Мене во чинијата‘ “ (Матеј 26,20-25; Марко 14,17-21; Лука 22,14-23; Јован 13,21-26). Синот Божји заминува од овој свет предаден од Својот пријател и апостол, тоа било пророкувано уште во Стариот завет и запишано во Светото писмо. По каснувањето на залакот добиен од раката Господова Јуда станал од Вечерата и излегол, заминувајќи кај првосвештениците. Договорени биле да ги одведе кај Господа и лично да им го предаде.

„Тајната вечера“ е најзначајната вечера Господова-Последната вечера со апостолите. Ова е слика како Господ Исус Христос Го зема врз себе обичното човечко тело, Го благословува и го издигнува до спасението, и допушта тоа Негово тело да биде прекршено и дадено на сето човештво за спасение, преку Светата евхаристија. Виното на Тајната вечера ја претставува Христовата пролеана крв, која е „крв на Новиот завет“, односно, преку која се создава Новиот завет, новиот договор (тестамент) помеѓу Бога и човекот. Со Голготската жртва на Господа Исуса Христа престанува крвната жртва во новозаветната Црква и се создава нов, многу посовршен завет од Стариот завет.

Светата Евхаристија претставува најголем празник за христијанските души, извор на спасение, сокровиште на духовни и морални сили и добродетелен живот.

Апостол Петар горделиво се поставил над другите апостоли и рекол дека тој нема да се одрече од Христа, дури и сите кога би се одрекле. Но, токму тој ќе го стори тоа, му рекол Христос и тоа уште ноќта (Матеј 26,31-35; Марко 14,27-31; Лука 22,31-34; Јован 13,36-38). Така и се случило. Петар се одрекол од Господа трипати и го обзела силна тага, срам и страв, па горко плачел.

По причестувањето на апостолите, Христос ги искажал пророчките зборови за сè што ќе се случи: и страдање и слава (Јован 13,31-14,31). Им рекол: „Чеда, уште малку сум со вас.“ Им претскажал дека ќе се исплашат и ќе се разбегаат како овци без пастир.

По завршувањето на Вечерата, Господ Исус Христос и апостолите заблагодариле на Бога молитвено, пеејќи „благодарствена песна“ (Халлел), која содржи делови од псалмите. Тие се помолиле и Му заблагодариле на Бога, и пред и по јадењето, за да нè научат и нас дека треба да се кажува молитва и пред и по јадење. Христос отишол во Елеонската Гора каде што, уште ноќта, еврејските старешини и првосвештеници организирале да биде фатен.

На Велики Четврток рано наутро, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, божјаче, откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики Четврток, и само ова јајце не скапува! Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, заштитува од пожар, гром и сл.

Кога ги вапцува јајцата, домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб. Ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна. И ако го скрши, тоа ќе ја изгуби магиската моќ.

Останатите јаца се бојадисуваат во различни бои и на различни начини. Значења на боите: црна-вечност, жолта-светло, среќа, црвена-божествена љубов, надеж, кафена-среќа, бела-чистота, невиност, портокалова-издржливост и сила, зелена-раст, виолетова-надеж и вистина, сина-здравје.

Насекаде во Македонија на Велики Четврток рано пред изгрејсонце првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина, но секогаш со црвена боја.

На Велики Чертврток се запотнува, како што се прави на сите Велоичетвртоци до Спасовден, за здравје, за заштита на луѓето, стоката и објектите од разни болести, несрфеќи, елементарни непогоди и сл. Тоа се прави со ставање потка на клучките од вратите, на долапите, стомните, грнците, амбарите, каците, бочвите и други места. За потка се користат билки за кои се верува дека имаат волшебна моќ: кукурек, вратика, челинок. Понекогаш се запотнува со гранки од леска, дрен и др.

Има и други обичаи, На пример, се јаде пресен зелник со зелје, девојките си ги мијат косите, а во водата ставаат црвено јајце и здравец. Жените заплевувале во нивјето за потоа и тие да можат да плеват во овие денови, а мажите оделе по дрва без секира за да не треска град.

Тропар:

Кога славните ученици на миењето пред вечерата се просветуваа,
тогаш Јуда злочестивиот од среброљубие боледувајќи – се помрачуваше,
и на беззаконни судии Тебе праведниот Судија те предава.
Види ги, љубителу на имотност, оние што заради тоа се самоубија!
Бегај од ненаситност, душо, против Учителот со тоа дрзнувајќи:
Ти кој за сите си Добар, Господи, слава Ти.

Leave the first comment