Мудроста на Лао Це

Потребно време за читање: 2 минути

Лао Це (именуван и како Лао Ци, Лао Цу итн.) е важна фигура во кинеската филозофија. Кинеската традиција смета дека тој живеел во 6 век п.н.е., но мнозина модерни историчари тврдат дека тој можеби живеел приближно во 4 век п.н.е., за време на Стоте школи на Мислата и Периодот на завојувани држави.

Нему му се припишува најважното таоистичко дело, „Тао Те Кинг“.

Почесното име на Лао Це е Стариот мајстор. Во својата книга „Тао Те Кинг“ тој говори за принципот „тао“ (што е апсолутен владетел на светот и животот). Проповедал дека секоја активност треба да биде во хармонија со принципот „тао“, ако се сака да биде успешна. Тоа се однесува на животот во семејството и во државата. Говорел дека се во светот вечно кружи помеѓу „јинг“ и „јанг“-двете фундаментални спротивности.

За него почетокот на светот е ништото. Меѓутоа, тоа не е празнина, туку неодредено нешто, што чека осуштествување. Неопходен е човечкиот ум за тоа да се одреди и да се размножи. Значи, само во првата фаза тао е ништо, како неподвижен принцип, а подоцна тоа е принцип на неподвижно движење.

Лао Це за некои суштински нешта во животот:

„Кога човек ќе се роди, тој е мек и слаб;
кога умира, тој е цврст и крут.
Кога растенијата и дрвјата се живи, меки се и се виткаат;
Кога не се живи, кревки се и се суви.

Затоа тврдоста и крутоста се придржуници на смртта,
А мекоста и свиткувањето се придружници на животот.
Од сите нешта на светот
Нема ништо послабо од водата,
Но ништо како таа не го совладува она што е цврсто.
Дека слабоста ја совладува снагата
И нежноста ја совладува крутоста,
Нема кој не го знае тоа;
Но никој не го сообразува своето однесување спрема тоа.
Оној што знае, не зборува;
Оној што зборува, не знае.

Кој знае дека не знае, е највисок
Кој се прави дека го знае она што не го знае
има болен дух.
Кој ја гледа таа болест како болест,
нема болен дух.

Вистинските зборови не мора да бидат избрани зборови.
Избраните зборови не мора да бидат вистински зборови.

Љубовта и омразата не можат да се допрат.

Добивката и загубата му се рамнодушни.

Почестите и немилоста не дејствуваат на него.

Затоа го цени сиот свет“.

Leave the first comment