Потребно време за читање: 2 минути

54. Апостол совреме

Апостол е црномуресто младо момче виссоко близу два метра, со мускулесто, атлетски градено тело. Секогаш весело и насмеано. Без знајни биолошки родители, заедно со сестра му Ѕвездана посвоени, растени и одгледувани од Бисера и Пламен. Целосно посветен на учење, на постојано богатење на знаењето на информатиката-програмерството, со врвна цел-да стане софтверски девелопер, но и на планинарењето. Заедно со школските другари Милан, Јордан и Филип, одм неодамна и другарка им Стела која се приклучи пред два месеца, веќе искачи шест врвови во Македонија: Меденица на Бистра, 2163 метри, Магаро на Галичица, 2254 метри, Голем Крчин, 2341 метар, Црни Врв на Јабланица, 2257 метри, Зелен Брег, 2166 метри, највисокиот врв на Кожуф, како и штотуку, минатата сабота и недела освоениот Пелистер, 2601 метар, највисокиот врв на планината Баба. Сè уште го држи одушевеноста од морињата од карпи под самиот врв на Пелистер и глацијалното Мало Езеро. Веќе ѝ здодеа на сестра си со описите на виденото и доживеаното. Одамна се откажа да ја вклучи во групата. Таа нема никаков интерес за планинарење.

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, поглавје 57

Заедно со тројцата соученици Глигор, Иван и Живко, и сесрдната помош од професорот по програмирање Петар Жедовски ги заврши софтверот и дизајнот на апликацијата. Како тим со одлични оценки добија многу пофалби, а професорот ги поттикна да размислуваат за профитирање, за сопствен бизнис-програмерски услуги, па и за настап на меѓународниот програмерски пазар.

Апостол доби голема поддршка и конкретни упатства за она што го интересира најмногу-„девелоперството“, конкретно девелопер на мобилни апликации. Веќе ги проучи трендовите и перспективите на пазарот, во тие рамки на потребите од квалитетни програмери на апликации за паметни телефони и таблети. Од ден на ден неговиот личен список на IT компании во светот е сè поголем. Темелно се подготвува и за работа како фриленсер, хонорарен „играч“,  конкретно веб девелопер. Перспективно предвид доаѓа и компанија во странство. Сепак, најмногу ја посакува „комбинацијата“-работа во или за конкретна компанија (open space канцеларија) и едновремено или напоредно работа на фриленс проекти за домашни и странски клиенти. (Засега е „насочен“ кон Канада, кон Монтреал, кон мајка му Бисера.) И во рамките на наставата на училиште, но и како „слободна активност“ засега ги проучува спецификите на двата главни оперативни система Android и iOS.

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман

Тој и другарите „ортаци“ темелно учат и наголемо расправаат за четирите клучни области на програмирање на мобилните апликации: дизајнот, конкретно креирањето на кориснички интерфејс лесен за користење и со модерен изглед; сметководството-основните знаења, особено во областа на хардверот, управувањето со базите на податоци, алокацијата на меморијата и безбедноста на софтверските системи; програмирањето-познавање на различни програмски јазици, пред се Java, Objective-C i Swift, како и алатки за развој, тестирање и дистрибуција на готови апликации; и таканаречените меки вештини како што се проблемот солвинг, односно наоѓање начини да се одговори на потребите на корисникот и надминување на евентуални прекини во работата, потоа креативноста и иновативноста, воочувањето на евентуални проблеми и поправка на ситни детали за апликацијата да функционира беспрекорно, како и трпението и позитивниот став и комуникациските вештини. Апостол предничи во учењето и расправите, а со своето стратешко размислување и вештините на претприемништвото кои ги изучува во своето „лично слободно време“ сè повеќе се наметнува како нивен предводник.

Прочитај и за ... >>  СРЦЕВИНИ НА САМОТНИ СОПАТНИЦИ, роман

Што му недостасува? Му недостасува „домашен“ што ќе му помага на каков било начин; ќе го дополнува и насочува. Се разбира, со повеќе знаење и опитност. Пламен не може да е тоа, посветен е на својата работа и надградба како градежен инженер, а не може ни Бисера како медицински технолог.