Не се бројат падовите, кревањата-станувањата и подемите во животот. Исто и поразите и победите. Меѓутоа, само доколку си научил да го живееш мигот во сета негова полнота, со сите немири и спокои, доживелици и преживелици, сомневања и надевања во него.
Секој пад не доаѓа по устрем, по растење, по воздигнување. Може да се паѓа и никогаш да не се падне на дното. Не само зашто е тој на крајот од животот, туку и поради превисоко летање.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 150