Молк-Молчење

Потребно време за читање: < 1 минута

Човек најмногу зборува кога молчи и затоа молчаливиот човек најмногу го слушаат. Затоа што во исто време додека зборува, тој се открива себеси, го открива своето внатрешно Јас, му дозволува да го каже она што тој не се осмелува пред други.

Кога е збор за самоодбрана, молчењето нема врска со мудроста, незнаењето, немањето одговор, а ни со неможноста од искажување оти недостасуваат зборови. Молчењето секогаш има врска со миговите живот во самотија, самосознавање и самодокажување. Да молчиш, најпрвин значи да гледаш, слушаш, откриваш, проверуваш и учиш во своја тишина.

Зборувај кога молкот се обидува да го порази твојот опстанок во живиот свет.  

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 141