Не се може без оптимизам. Ниту во себе, ниту во светот со нас и околу нас. Дали е мерлив? Со која мера? Се разбира, не е немерлив, безграничен, бескраен. Мал е или голем, малку е или многу, но секогаш беспоговорен. Најмногу е поврзан со личниот однос спрема стварноста, а потоа со ситуациите и состојбите кои влеваат надеж.
А вредноста на оптимизмот? Се согледува само во спротивставеноста на песимизмот.
Песимизмот, пак, е поразителна последица на ситуации и состојби за кои нема исходиште, решение, а стварноста ја огрубуваат, ја огрдуваат и ја обезличуваат. Најмногу е поврзана со разочараноста и неверувањето.
За оптимистот животот никој и ништо не може да го урниса. За песимистот тој во најголема мера зависи од други и човек мора постојано да се прилагодува на неговиот тек.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 137