Потребно време за читање: 2 минути

Господа мажи, колку ви е позната женската свирепост? Малку? Многу? Колку сте ја почувствувале? Ја чувствувате? Ајде да ја откриеме-разобличиме-соголиме.

Почитувани дами и госпоѓи(ци), и вам ви е дозволено да го прочитате ова што следи, колку да знаете дека не сте толку (по)нежен пол како што замислувате, како што се прикажувате и како што ве третираат наивните мажи незнајковци.

Стручњаците го потврдуваат токму тоа-дека, и покрај тоа што се познати како понежен пол, жените често знаат да бидат мошне свирепи однoсно груби спрема мажите. Тоа го поткрепуваат со листа од 10 нивни најголеми свирепости-суровости односно грубости:

Не се јавуваат на телефон

Откако ќе успее од девојката да го добије бројот на нејзиниот телефон, момчето е гордо. Меѓутоа, неретко станува збор за лажен број или девојката едноставно не сака да се јави.

Ги користат мажите за некој да им го плати пијалакот

Одделни жени излегуваат со намера да не ги потрошат своите пари за пијалак. Тие сметаат дека со помош на женските чари ќе ги убедат мажите да го финансираат нивниот провод. За да добијат бесплатен пијалак жените ќе прибегнат на флерт, но на тоа и сѐ ќе се заврши.

Прочитај и за ... >>  Мошне добри и непријатни прашања и одговори за сексот

Ги користат мажите за да не бидат сами

Жените неретко ќе се согласат на врски со мажи кои не им се допаѓаат, а од едноставна причина-тие не сакаат да бидат сами. Поради тоа, мажи, бидете претплазливи и добро проценете ги мотивите поради кои вашите „мили-драги“ се покрај вас, зашто може да ви се случи да ве заменат штом ќе наидат на подобри прилики.

Емоционално манипулираат со мажите

Мажите не сакаат да видат жена како плаче. Жените го знаат тоа и често ги користат солзите за да го добијат она што го сакаат.

Ги критикуваат мажите во јавноста

Бездушните жени ги критикуваат и понижуваат мажите во друштво и на јавни места, не знаејќи дека тоа повеќе зборува за нив одошто за „предметот“ на нивната критика.

Користат физичко насилство

Мажите се главно воспитувани така што насилството спрема жената да го сметаа како знак на слабост. Меѓутоа, некои жени го искористуваат овој дел од личноста на мажот за да удрат контра. Знаејќи дека никогаш нема да им се возврати, ваквиот тип жени користат физичка болка без страв дека мажот ќе ја „доболи“.

Прочитај и за ... >>  Романтичната љубов и простувањето

Го кријат статусот на врската

Тоа не е најлоша работа која жената може да му ја направи на мажот, но покажува непочитување и несериозност.

Ускратуваат секс

Жените често на мажите им ускратуваат секс, зашто сакаат од нив да добијат нешто или едноставно сакаат да ги казнат. Знаат дека на повеќето мажи сексот им е еднакво важен како и дишењето, така што овој метод се смета за мошне суров-свиреп односно груб.

Ги тестираат мажите

Жените често знаат да му се јават на својот партнер во момент кога тој се подготвува да излезе со пријатели и да го замолат да ги промени плановите без некоја посебна причина. Жената знае дека излегувањата со пријателите се важни, но доколку навистина ја сака тој ќе ја избере неа наместо нив. Ваквото тестирање во врските е свирепо и јадно, порачуваат стручњаците.

Кокетираат со други за да поттикнат љубомора

Жените кои отворено кокетираат со други мажи во присуство на партнерот се незрели и манипулативни, и ништо не ги оправдува.

Прочитај и за ... >>  Што е харизма?

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here