Потребно време за читање: 4 минути

Со бамјата (lat. Hibiscus esculentus) се подготвуваат многу познати и помалку познати-непознати јадења. Парадоксално е што е на добра цена, а кај нас се уште се одгледува малку. Вистински избор е за градинари кои одгледуваат поголем број на градинарски растенија.

Нејзина прататковина е Африка, а на Балканот (и во нашава земја) стасала од Арапскиот полуостров преку Турција. Сега на големо се одгледува во Европа, но и во Америка.

Самиот збор доаѓа, од арапскиот „bamyah“, а верзија на тој збор користеле во 12. и 13. век Египтјаните и Маврите, па се претпоставува дека употребата на тоа растение се раширила низ светот од исток.

Најважно: за успешно одгледување на бамјата е потребна температура од над 15 степени Целзиусови во период од најмалку три- четири месеци.

Се сее во половината на мај, најчесто во редови, куќички или ленти. Бидејќи е грмушесто растение кое се разгранува онолку колку што има слободен простор, меѓуредната оддалеченост треба да биде од 60 см до 80 см, а оддалеченоста во редот од 25 см до 35 см. Висината е отприлика 60 см, а во поволни услови дури и повеќе.

Обично се сее малку погусто, па потоа со скопување се проредува. Карактеристична е според скромното `ртење на семето, кое изнесува од 50% до 60%. Градинарите најчесто самите си произведуваат семе.

Како зеленчук кој сака топлина и влага, може успешно да се произведува и во стакленици и пластеници. Притоа мора да се води сметка за распоредот на растенијата за да се овозможи движење помеѓу редовите во текот на бербата. Во прашање е растение кое многу се разгранува и има остри влакна кои ни малку не се пријатни за човечката кожа.

Прочитај и за ... >>  За медот

Бамјата цути 6 до 8 недели по сеидбата, а бербата набрзо потоа. Интересно е дека секој одделен цвет цути само еден ден, наутро се отвора, а попладне свенува и ја менува бојата од жолта преку портокалова до црвена. Плодовите растат и се берат веќе 3 до 5 дена по цутењето. Приносот изнесува 20 т/ха.

Бербата се врши рачно и тоа најчесто секој ден. Има градинари кои ја берат и два пати дневно. Се берат наутро, плодот марку се свртува и се откинува. Не смее да се дозволи полодовите да прераснат и да огрубат, зашто во тој случај не се вкусни за јадење. Редовната берба го забрзува создавањето на нови плодови кои се берат се до доцна есен, па и до првите мразеви.

Вообичаено е бамјата да се суши во низи во ладовина, а уште подобро е на провев.

Бамјата е деликатес и специјалитет. Таа е истворемено храна и лек. Содржи доста витамини А и Ц, железо, калциум и скроб, малку маснотија и рибофламин.

Го намалува шеќерот, им помага на астматичарите и е добар афродизијак. Во литературата е запишано дека Клеопатра, прочуена според убавината и привлечноста, на своето мени редовно имала и бамја.

Благотворните ефекти на бамјата се навистина бројни, а еве ги најинтересните:

-влакната што се наоѓат во неа помагаат за стабилизација на нивото на шеќерот во крвта;
-слузот на бамјата го врзува холестеролот и ја помага работата на црниот дроб;
-во нешто поголеми количества бамјата може да има лаксативен ефект, па помага кај констипација;
-извонредна е за развој на баготворна цревна фауна;
-има добар ефект врз луѓето кои патат од хронична исцрпеност и депресија;
-се користи за лечење на чиреви и неутрализирање на киселини;
-бамјата е корисна во лечење на астма. Има високо удел на витамин Ц кој служи како антиоксиданс и како противвоспалителна материја, што се заедно ги намалува симптомите на астмата;
-благотворно дејствува врз кожата намалувајќи ги црвенилото и воспалителните процеси, па и помага на кожата да ја задржи мазноста и затегнатоста;
-има ниска енергетска вредност што ја прави згодна за редукциски диети;
-една народна за бамјата како афродизијак: наводно беговите во „турско“ во чорба ставале бамја за да им помогне да излезат на крај со „многужителниот“ харем!

Прочитај и за ... >>  Морските алги во исхраната

При купување на бамја треба да се обрне внимание на тоа таа да не биде подолга од 3 см-колку е пократка, толку е подобра. Свежата треба да се чисти ја со мошне остро ноже, така што и се отстрануваат непотребните делови (делот со дршката и врвот), а притоа да не се оштети самата мешунка. Во спротивно, од неа би можел да истече слузот, кој подоцна на јадењето му дава карактеристичен вкус и помага при згуснување на сосот. Она што е исто така битно е дека бамјата треба добро да се исуши секогаш кога се мие.

Од сушената бамја може да се подготват речиси сите јадења како и од свежа, а е потребно претходно да се накваси, по што волуменот значајно пораснува. Процедурата е отприлика еднаква на онаа со сушени габи.

Бидејќи сезоната во која бамјата може да се набави свежа е доста кратка, сушената доаѓа како извонредна замена. Во неа има 70% незаситени масни киселини и од 18% до 20% белтоци.

Прочитај и за ... >>  Како против дебелината

Исто така, бамјата може да се замрзнува, маринира или меле.

Најнапред, таа може да се јаде сама, зготвена на лешо. Токму така ја подготвуваат во јужниот дел на САД, каде што се сади уште од 17. век.

Многу добро се согласува со разни видови на месо, а најчесто се комбинира со јагнешко.

При готвењето треба да се внимава на да не се разварува, зашто во спротивно би можела да се распадне.

Се служи како предјадење. Се подготвува од пилешко месо и зеленчук, а неизоставна состојка е, се разбира, бамјата. Може да и се додаде ориз, а е кремаста благодарение на кајмакот и жолчките кои се мешаат пред самиот крај на готвењето.

Бегова чорба:
Супа со бамја и риба се подтотвува на Карибите, а на Хаити бамјата се јаде со ориз и пченка. Популарност на крајот од 20. век таа стекна и во јапонската кујна- таму се послужува со сос од соја или, пак, во форма на темпура (похувана во посебен вид на смеса). Освен готвена, во САД ја послужуваат и пржена.

Од бамјата се произведува масло што се добива од нејзиното семе- има пријатен вкус и мирис и високо учество на незаситени масни киселини.

Бамјата може да се користи и како замена за кафе!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here