Оптимист и песимист optimist i pesimist
Потребно време за читање: 4 минути

Основно сознание:

Песимизмот е расположение, душевна состојба во која сите животни околности се укажуваат како неповолни; карактерна наклонетост во сѐ да се гледа само непријатната, штетната страна; сфаќање според кое во светот и животот преовладува болката над удобноста, злото над доброто. Спротивно на оптимизмот, според песимизмот „овој свет е најлош од сите можни светови“.

Терминот првпат се јавува кај С.Т. Колриџ (1815), и тоа во смисла на ознака за психолошка состојба на незадоволство.

Шопенхауер му дава значење на разработен филозофски поглед: секој човечки стремеж е носен со чувство на недостатност, незадоволство со моментната состојба. Додека не ја задоволиме, ја чувствуваме како болка. Но ниедно задоволување не е трајно: тоа е само подготовка за некој нов копнеж. Поради тоа само болката е трајна состојба со која се соочуваме, единствено на болката и припаѓа психолошкиот реалитет. Спротивно на оптимизмот на Лајбниц, Шопенхауер смета дека светот е толку зол што не би можел ни да постои кога би бил и малку полош.

На пример, да почнеме со силно вкоренетите убедувања кои лежат во основата на нашиот страв од неуспех односно нашата песимистичка перцепција на иднината. Во основата на ваквиот однос спрема иднината лежи идејата дека човечката вредност е пропорционална на успешноста и постигањата, и ако не си компетентен или адекватен, најдобро е да се вовлечеш во ќоше и да умреш. Ќе се обидеме да ја анализираме оваа идеја која содржи неколку ирационалности:

1. Очигледно буквално никој не е компетентен и ненадминат во сѐ или речиси никој не може да се пофали со совршена адекватност и успешност. Да се стане прв и најдобар во одредена област е исклучително тешко, оти милиони други се трудат да го направат истото. Целта на општата успешност содржи перфекционистички елементи кои не осудуваат на сериозно разочарување.

Прочитај и за ... >>  Ах, тие комарци

2. Успешноста, освен по произволна дефиниција, не е во врска со нашата интринзичка вредност. Ако мислиме дека сме „подобри“ или „позначајни“ поради некој постигнат успех, можеби привремено ќе се чувствуваме „повредни“. Но со постигнатиот успех својата внатрешна вредност ниту милиметар не сме ја поместиле, ниту со неуспехот сме го унижиле своето јас. Со постигнување на овој или оној неуспех можеме да постигнеме поголемо задоволство или поголема ефикасност. Но ако „ни оди подобро“ не значи дека сме и „подобра личност“. Да се искажуваме како „вредни и добри“, ако веќе ги користиме овие неприкладни термини, само затоа што постоиме или живееме. Издигнувањето на „егото“ со материјални или други успеси всушност значи дека погрешно мислиме дека сме подобри од порано.

3. Зборувајќи технички, ние „не сме“ една одредена ствар. Ние „не сме“ пекар, лекар, апотекар, туку човечко суштество што се занимава со различни работи-но и со многу други ствари оти повеќето од нас кои се занимаваат со некоја професија, работат во градина, шетаат пес, уживаат во друштво на пријатели и драги лица, патуваат и работат низа други работи.

4. Иако успехот донесува одредени предности, фанатичната оддаденост на немилосрдното божество на успехот подразбира и непријатности. Луѓето, лакоми на успех, често самите себе си се туркаат преку границите на сопствената физичка издржливост; толерираат или предизвиквуваат мачни состојби кои можеле да ги избегнат ако не се толку решени да успеат; тие ретко наоѓаат доволно време за опуштање и уживање во она што го работат или за покомплетен живот.

Прочитај и за ... >>  Симфониската поема и нејзините најзначајни претставници

5. Фанатичната борба за успех обично ја одразува претераната потреба за надминување на други, за покажување дека сме „подобри“ од други. Заемната врска помеѓу другите и нашите единствености постои само во нашата глава-во нашите мистични идеи. Ако со магиското празноверие нашата „вредност“ како човечко битие зависи од искажувањето и споредувањето на нашите особини со други, речиси секогаш ќе чувствуваме песимизам.

6. Со инсистирање на успех стануваме песимисти и ја боиме нашата иднина во црно, се плашиме од преземање на ризик, правење на грешки, промашување и занимавање со многу работи кои навистина ги сакаме.

Од друга страна, ако на проблемот на достигнувањето му пристапиме на рационален начин, ќе научиме да ги прифатиме своите промашувања и грешки, и ќе ги користиме за подобрување на новите идни обиди. Ќе сфатиме дека вежбата, повеќе од што било, ги намалува грешките и го подобрува учинокот. Ќе се трудиме во нешто да постигнеме свој, а не општ максимум, и нема да правиме грешка со вложување на сопственото „его“.

Песимизмот може да биде и манифестација на потребата за перфекционизам. Оти секогаш ќе најдеме добра причина зошто нема нешто да се обидеме да промениме.

Како ова можеме да го сузбиеме?

1. Ако како уметник или производител сакаме да направиме речиси совршено дело или производ, тоа е сјајно. Но ние сами никогаш не можеме да бидеме совршени. Луѓето се главно грешни и несовршени, а животот е во суштина неизвесен. Постојаното трагање за извесност и совршенство подразбира: а) детинест страв од животот во крајно неизвесниот и несовршен свет и б) прифаќање на себе си затоа што постоиме, а не затоа што постоиме како „подобри“ од другите.

Прочитај и за ... >>  Жив песок

2. Бидејќи нема совршени решенија за проблемите или тешкотиите, подобро е да прифатиме извесни компромиси и прифатливи решенија. Колку поотворено трагаме по алтернативни решенија за даден проблем, толку се поголеми шансите за наоѓање на најдобро остварливо решение. Се трудите објективно да го согледате проблемот од сите страни, со минимум предрасуди и претпоставки. Конечно, преземете нешто, направете го првиот чекор. Но тој чекор нека биде експериментален, со целосна свест дека може, но не мора да успее. Луѓето најчесто работејќи и грешејќи ја учат вистината за крајно неизвесната и несовршена реалност, каква што и вие можете да прифатите.

3. Под претпоставка да направиме несовршен избор помеѓу неколку алтернативи, вратата за прифаќање на други решенија во иднината останува отворена. Оти најдобрата алтернатива денес не е нужно и најдобра за утре. Нашите желби, надворешните околности и луѓето со кои доаѓаме во допир се подложни на значајни промени, а тие промени можете да ги земете во обзир кај изборот на алтернатива, односно можеме да го земеме гледиштето кое непрестано води кон конструктивна ревизија. Подобро е во одредени периоди од животот да ги диференцираме своите желби и цели, како и најпогодните методи за нивно постигнување.

(Преземено и преведено од: http://www.b92.net/)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here