Потребно време за читање: 2 минути

Татко му на Сенека, Луциј Анеј Сенека (на латински Lucius Annaeus Seneca), бил римски учител по говорништво од Corduba (денес Cordoba) во Хиспанија; роден во 55 година пр.н.е., умрел во 40-тата пр.н.е. За разлика од неговиот син, филозофот Сенека, се нарекува Сенека постариот или Сенека ретор. Од неговата збирка на школски реторски теми се сочувани „Советодавни говори“ (на лица од митот и историјата) и „Расправање“ (за 74 фингирани правни прашања со спротивни стојалишта). Сенека не го одобрувал современиот говорнички стил. Идеал му бил Цицерон. Неговото изгубено историско дело, кое го обработувало времето од граѓанските војни речиси до писателовата смрт, го издал посмртно неговиот син Л.А. Сенека.

Луциј Анеј Сенека, римскиот филозоф и писател, е роден околу 4-тата година пр.н.е, во Кордоба,а умрел во 65-тата во Рим. Тој е претставник на римскиот стоицизам и еден од најголемите моралисти, правник и сенатор, прогонет од Калигула и Клавдиј. Во 49-тата година се враќа од прогонство во Рим за да стане одгледувач на Нерон, а подоцна и советник. Иако во староста се повлекол од јавниот живот, бил обвинет за заговор против царот и принуден на самоубиство.

Прочитај и за ... >>  Со голем човек сте големи

Моралните побуди се основниот придвижувач на филозофската и литературната работа на Сенека. И неговите трагедии и драмските сатири, пишувани со извонреден стил, се насочени првенствено на проучување, а не и на изведување.

Дејствувајќи во времето на сурово самовладеење, Сенека со сите сили се трудел да ги поттикне современиците на морален живот. Поради тоа во филозофијата посегнува по различни извори, по Сократ и платонизмот, циниците и Епикур, па неговиот еклектицизам во целина не поприма форма на кохерентна теорија. Сепак, стоичкиот карактер на мислата на Сенека се огледа во единствената задача на филозофијата да одгледува и истражува добродетелства.

Според Сенека, нема филозофија без добра, ниту добра без филозофија. Логиката и физиката служат за поткрепување на сознанието за човековото место во поредокот на природата, но вистинската цел на филозофијата е етиката. Како водич кон добродетелта, филозофијата укажува на патот на надминување на страстите и болот, на минливоста на насладите и сите надворешни добра; среќата поради тоа е можна само во самодостатноста на мудреците, во која внатрешната волја се усогласува со космичкиот поредок со кој управува провидноста. Самиот бог кај Сенека е сфатен како разум на светот, негово органско единство, во кој сите битија се обединуваат во љубов и братство.

Прочитај и за ... >>  Јуриј Михајлович Лотман

Доследно на тоа, Сенека се противи на ропството. Неговите морални гледишта извршиле силно влијание на христијнаската етика. Во неговите етички дела, во кои секогаш поврзано се јавува и останатата филозофска проблематика, се вбројуваат многу расправи, обично пишувани во форма на писма, од кои се најпознати „Писма до Луцилиј“.

Книжевното дело на Сенека опфаќа девет трагедии, во кои го анализира погубното дејство на човечките страсти, и гротескната сатира „Apocolocyntosis“ („Претворање во тиква“)-за деификацијата на царот Калигула.

Сенека е исто така писател на многу епиграми, чија популарност се одржала низ столетијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here