куќа од земја и камен kuka od zemja i kamen
Потребно време за читање: 2 минути

Кој не воспоставил „природен” однос со вечните природни „придружници” на човекот-земјата и каменот, не знае, а уште помалку може да ја почувствува нивната „душа”. За користењето на каменот како ентериерски и екстериерски елемент се знае. За земјата како материјал за градење на модерни домови кај нас речиси воопшто не се знае, а во светот тоа е голем хит.

Светот сѐ помасовно гради куќи и згради од земја, од тн. стабилизирана, непечена. Во Германија и Франција се прават цели станбени квартови со двокатни згради, во Јемен постојат стари историски објекти од 4-5 ката, градени со земја, а во францускиот град Гренобл постои институт кој се занимава исклучиво со обучување на иженери од сите континенти да градат објекти со таква технологија.

Основниот квалитет на куќи и згради за живеење изградени од земја е оти можат да се градат со локален материјал, бидејќи земјата како ресурс ја има насекаде. Овомзожена е и самоградба поради едноставната изведба, така што семејството со своето работење може значително да учествува и прилично да заштеди пари. Притоа е важно да се знае дека земјата треба да има одреден процент на глина во себе, која ја врзува и поради што и добила назив стабилизирана земја. Во поново време се додава и одреден процент на цемент (до 10%), со што се поправа структурата или, пак, се додава гасена вар (10%-14%).

Прочитај и за ... >>  Преуредување на домот

Главна специфика на објекти градени со стабилизирана земја е што и лете и зиме имаат идеални внатрешни климатски услови и во однос на влажноста и во однос на температурата. Имено, поради големата термичка инерција на масивните ѕидови, температурата во внатрешноста на објектот, без оглед на надворешната, осцилира мошне малку, додека влажноста е речиси идеална бидејќи ѕидовите имаат својство да го одржуваат нивото на влажност во просториите во сите годишни доба.

Освен тоа, станува збор за природен, нискоенергетски материјал кој се рециклира кога ќе заврши векот на траењето на објектот, а што на подолг рок може да придонесе за помала вкупна енергетска потрошувачка, односно за намалување на ефектот на „стаклена градина”.

Стручњаците за ентериер и екстериер одамна ја согледале долговечноста и моќта на каменот, лесното снаоѓање во домот и надвор од него, а поетите ја воспеале неговата внатрешна енергија и говор. Затоа воопшто не е случајно тоа дека во општиот тренд на враќање кон природата се побаран е природниот камен.

Прочитај и за ... >>  Најинтересни бордели на светот

Класичната градба со каменот ја оправдува изреката за „каменот како вечен материјал”. Се разбира, денешната архитектура и градежништвото бараат голема брзина и масовна градба, што е невозможно да се постигне со камен оти тоа би барало огромни ископи и трошоци кои се недопустливи од економски и еколошки аспект.

Па сепак, камената куќа има низа предности пред обичната. Дебелите камени ѕидови и дрвените подови се одлични изолатори, најпогодни природни материјали за живеење.

Каменот извонредно се вклопува во современо уредените простори, во кои, како што се истакнува, неговата „грубост” и „тежина” можат да создадат интересна стилска противтежа на „фините” и „лесни” линии на модерен мебел. Омилен поради долговечноста, отпорноста и посебниот шарм што се добива со годините и „абењето”, тој бара и внимателно избрано место и атрактивно осветлување кое може додатно да го разубави со игрите на светлината и сенката.

Важно е да се води сметка дека грубо изделканиот камен може извонредно да ги освежи ѕидовите, а мазните плочи совршено „легнуваат” на подовите. Инаку, каменот мошне добро се комбинира со дрво, стакло, метал и природни ткаенини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here