Потребно време за читање: 2 минути

Традицијата претставува процес на предавање, пренесување, одржување на идеи, верувања и начела, и тоа усмено, писмено или со пренесување од генерација на генерација. Се смета дека без традиција не може да се замисли ниту голиот живот, а не пак културата на човечките заедници. Традицијата ги одржува општествата и цивилизациите, со непрестано проткајување на делата и мислите, на нивната творечка модификација.

Во фолклорот традицијата е ширење на легенди за знаменити поединци и настани кои се најчесто во врска со вистинско историско збиднување. Во историографијата таа се дефинира како усмено пренесување на историски факт.

Во уметноста традицијата означува наследување на мотиви, средства на изразување и стил на стари мајстори (традиционализмот како одлика на класицизмот воопшто).

Обичаите, пак, се дефинираат како утврдени форми на однесување и дејствување на поединци или колективи во рамките на една заедница. Како непишани правила на однесување тие се разликуваат од правните норми со спонтаноста на формирањето, како и содржината и формата на санкциите кои одредена средина ги применува спрема прекршителите.

Прочитај и за ... >>  Изумира уметноста на гејшите

Во Данска се слават голем број на црвено обележени денови во текот на календарската година-божиќни празници и денови со различно потекло, на пример од фолклорот. Многу денови имаат традиции поврзани со храната, уредувањето и прославата на настани со семејства и пријатели.

Дури 90% од Данците веруваат дека традициите се дел од културното наследство и треба да бидат заштитени од надворешни влијанија. Сепак, странските обичаи влијаат врз нив, тие се прилагодуваат и менуваат. На пример, малкумина од нив се сеќаваат дека божиќното дрвце потекнува од Германија, дека Мајчиниот ден е американски, а Света Луција шведски обичај.

Инаку, секоја година црвените денови во календарот помагаат во создавањето на ритам во текот на календарската година, делејќи ја на практични делови. Во минатото одгледувањето на основни житарици било тесно поврзано со годишните времиња, како и многу работнички прослави, на пример прославите по жетвата. Денес тие исчезнале зашто изгубиле на важност како забава за оние кои помагаат при жетвата.

Прочитај и за ... >>  Абецедар (ABECEDAR)

Еве го списокот на данските годишни прослави и црвените денови во календарот:

6-ти јануари-Тројца Кралеви
14-ти февруари-Св. Валентино
февруари/март-Shrovetide
март/ април-Велигден
1-ви април-1-ви Април
30-ти април-Валпургиска ноќ
април/мај-Ден на големата молитва
мај-Мајчин ден
1-ви мај
5-ти мај-Ден на ослободувањето
мај/јуни-Pentecost/Whitsun
5-ти јуни-Ден на Уставот
15-ти јуни-Ден на Валдемар
23-ти јуни-Иванска ноќ
ноември-Ден на сите свети
10-ти ноември-Мартини
13-ти декември-Ден на Света Луција
Божиќни денови
Нова година

Во Данска традиционалните настани, особено традициите поврзани со јадењето, се слават на поинаков начин на село и во големите градови. На пример, традиционалната данска кујна е со акцент на јадења од мелено месо, компир и сос, а модерната е базирана на едноставни, свежи, локално произведени и високо квалитетни прехранбени продукти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here