рабуши и мери rabusi i meri
Потребно време за читање: 4 минути

1.Старите рабуши и четелиња

Во старо време царцката даванина што имале за давање селаните ја пишуале на рабуш. Сегашните муфтари што се по селата во постаро време беа коџабашии. На коџабашијата му плаќале ак за коџабашил`ко што го имал. Секогаш коџабашиите `и одбирале кој се поитри помеѓу селаните. Коџабашијата му пишуал распределената верѓија на еден голем рабуш, од две-три метра голем, спроти колку куќи и домаќини има во едно село и спроти како му `и збери парите од верѓијата.

На горнио крај на рабушо, спроти како што е обележан горе првио рабуш, ќе му дупни една дупка со врвот од ножо до некаде и таја дупка ќе се вели куќата од Петка или од Трајка. Од долнио крај од селото или од горнио, како што ќе му иди поколај на коџабашијата да можи да `и паметуа куќите на рабушо, така ќе `и зареди на рабушо со по една дупка и до дупката ќе му пиши грошеите што борџуа, а од другата страна на рабушо ќе му чини теслим колку пари има да дава. Првио (Петко) имал да дава стојосумдесет и двете грошеи; Крсто Х сто, резаното настрана/ педесет, трите режани прачќи III триесет (по десет една), една клепка поткрената D пет и четирите дупчиња- четири грошеи, сичко 189 грошеи.

Вторио (2) имал да дава двесте и шеесе и осум гроша (268), а пак третио имал триста и тринаесет гроша (313).

Така ќе бидат наредени сите селцќи куќи и домаќини што имале да даваат царцка верѓија.

Секој домаќин носеше при коџабашијата пари, полојната верѓија или помалце, а коџабашијата ќе му теслимеше колку пари што ќе даеше од другата страна на рабушот али на истото место кај што е пишан со прво, ќе `и обришеше со ножо првите нарежани пари (стојдеведесет и девет) и ќе пишеше колку ќе останеше за давање. Ќе плаќаат селаните од едно село што ќе плаќаат и колцина бекае што ќе останат, ќе останат на тој рабуш нарежани, а за другата година нов рабуш ќе се праит.

Прочитај и за ... >>  Македонскиот народен вез

При се што знам јас оти по целата Маќедонија се имаше по селата рабуши, што плаќаа царцката даванина, пак овие дни се учив од мнозина стари луѓе што живеат овде во Софија, како од Тетоско, Гостиварцко, Орицко, Ќическо, Битолцко, Тиквешко, Велешко и од друзи места, оти имало во старо време рабуши и дури и сега имаат по многу села рабуши, а помалце села има кај што има коџабашијата тефтер, али во кое село имаат учител- тамо имаат и тефтер и рабуш.

Ас коџабашија што ет имат само еден голем рабуш и од истио рабуш му сечи четеле на секого од домаќините, та му го дава да си го чуа и кога ќе плаќа ќе му го носа да му го стави со кај што му е место и да му прережи парите што ќе `и даи.

А пак поеќина коџабашии му даваат на домаќините по едено четеле и кога ќе плаќа ќе си го однеси четелето и ќе му бележи колку пари ќе даи на другата страна од четелето, чунќи на првата страна му е бележана сумата што борџуа, како што е бележа сумата на големио рабуш (касата).

На големите рабуши има на едни од едната страна колку нуфузи има првио домаќин и сите друзи домаќини, а од другата страна грошеите што борџуаат.

Казавме оти многу села има што почнаа со тефтери да крепат царцката даванина, арно ама пак рабуш голем има коџабашијата и сите селани си имаат по едно четеле за секој да си гледа колку има за давање и колку дал.

Дури беше со рабуш да се плаќа спаил`ко, беглико и друзи селцќи даваниње, ретко селанец плаќал два пати, а откоа почнаа да му ја пишуаат таа даванина во тефтер и да му даваат јаз`џиите од спаиите елмиабери (квитанции), не по два пати плаќаат, ами по неколку пати и верувам да не можа(т)да се исплата(т) со пустото бекае дури е турцко.

Прочитај и за ... >>  Еснафски врзаници

2.Четелето не само се употребуа во верѓија и плаќање, ами за лебарите, млекаричарите, бозаџиите и друзи; на тие работи бележуањето е само една белешка- една ока или едно ќило, покрената белешка (клепка)- полојна и толку. Ако се збера(т) 50 ока или 100 ока, та да не `и бери рабушо ќе го силдисаат и ќе `и пишат оќите од другата страна; ако си плати- ќе го бриша(т) рабушо и отпрвин ќе почнат.

3. Четеле малоо. Со малото четеле (рабувче) работат бојаџиите: кога ќе му однеси некој чоек шајак да му го вапса некој бојаџија, али друго нешто што да има од ока нагоре, ќе му напраи еден рабуш четеле и ќе му забележи колку ока дошол шајако, та ќе му го даит на стопано четелето да си го чуа, а рабувчето ќе го врзи за шајако и коа ќе иди стопано да си го земи- ќе му го донеси четелето и ќе го стави бојаџијата со рабувчето: ако е токмо- нема ништо да се речи, а пак ако го загуби четелето- мачно можи да си го земи шајакот али друго нешто.

За предено рабувче му се дава на чоека завиткано во едно книже, без да има бележано на рабувчето, чунќи драмои ќе има, та ќе `и пиши на книгата што ќе биди завиткано четелето; четелето ќе му го дава само да не заѓини али измени преденото.

Со рабувче земаат и валаичарите шајаци да `и валаат: ќе се трга трабата шајачина колку ока има и ќе се бележат оќите на целото рабувче; четелето ќе му се даит на стопано, а рабувчето ќе се врзи за наврзоците од шајако. Откоа ќе се извала шајакот, треба стопанот да си го однеси четелето на валаичарот и ќе се стави на рабувчето: ако е истото-ќе си го земи, ако не се ујдиса- не му го дава валајчеро шајако.

Прочитај и за ... >>  Некои стари музикални органи (кабата сурла и џурата, тарабука, чампари, врбоа, таламбази, чкртало)

З а б е л.(е ш к а): За рабушо и четелето има у нас и пословици како за попои, јаз`џии и пријатели. Коа ќе повалуа некој некого за учен, а пак тој неучен ет, тиќи ќе му одгоори вторио: Знаи, ама на книга не знаи, ами на рабуш знаи. Чкорка јаз`џија е, не е олур олмас чоек.

Имавме и еден поп што го викавме поп Рабуш, од село Долгаец, познат ми е мене и сум пишал од што му се кладе името поп Рабуш.1)

Во постаро време имавме и еден грацќи чоек што се викаше рабувчија*: грацќио рабувчија пишуал низ градо конаци на Турци башибозуци, коа оделе на Србија и Мора.2)

До бргошно време имаше во Прилеп рабувчија. Тие рабувчии, што пишуале конаците по рисјанцќите куќи, `и пишуаа на рабуш, и затоа му останало името рабувчија (во старо време).

За четелето и рабувчето се вели за некој верни пријатели што живеат повелико од браќа: Набрго се разделуаат и уште побрго се ставуаат, како четеле со рабуш. Живеат, оти се четеле и рабуш. (Со една мисла.)
________
*Пред седумдесе години имаше еден рабувчија на име Јовче Бутлев, по него Ристе Ликман, Ќиѓеле Мазгал, Кочо Варошлија и пре(д) 7-8 години Најче Чолакот.

Во побргошно време рабувчиите беа најпоеќе требни на чорбаџиите, да `и собираат за некоа лонџа да праат. Ретко пишуаа конаци и рабуш веќе немаа, чунќи со тесќериња распределуаа конаците пишани од коџабашијата.

(Зап. Марко К. Цепенков)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here