Приказна за витаминот Ц

0
38

Со помош на совети од книгата на Патриција Хаусман „Со храна и витамини против ракот“, од областа на применетиот нутриционизам, ви нудиме мала приказна за болагодатите на витаминот Ц, особено во превенцијата и лечењето на ракот, но и  предупредување на опасностите од негово претерано консумирање.

Уште од стари врремиња витаминот Ц е познат како лек против скорбут, раширен особено помеѓу морнарите на нивните долги поморски патувања. Во старите книги се говори и за неговата улога во лекување на рани. Во најново време многумина научници тврдат дека тој помага и во спречување на ракот. Интересно е сознанието дека можеби постои врска помеѓу употребата на големи количества на овошје и зеленчук и малиот број на заболени од рак на желудникот во САД.

Хемичарите точно утврдиле која е функцијата на витаминот Ц и како тој му користи на човекот. Имено, нитритите во намирниците можат да се претворат во канцерогени нитрозамини во текот на готвењето или варењето, односно ако некои видови на хемикалии стапат во меѓусебен контакт. Витаминот Ц го намалува количеството на овие материи, а во некои случаи дури и сосема го спречува нивното создавање. Истото тоа се случува и во нашиот организам. А позната е уштге една негова хемиска улога: витаминот Ц ја спречува хемиската реакција што се нарекува оксидација, а претставува процес кој преизвикува ферментација на храната. Денес научниците сметаат дека некои хемикалии предизвикуваат рак само по оксидацијата.

Колку треба да се консумира витамин Ц дневно?

Се препорачуваат околу 30 милиграми, што вооппшто не е тешко ако се знаат содржината и витаминските пропорции во овошјето и зеленчукот.

Храната од животинско потекло содржи незначителни количества на витамин Ц.

Од попознатите и кај нас присутни видови на овошје и зеленчук може да се наведат:

мало количество на витамин Ц имаат тиквата, целерот, грозјето, јаболкото, краставицата, крушата и сливата;

умерено имаат бананата, праската, цвеклото, кајсијата, кељот, компирот, пченката, лубеницата, зеленчукот со темнозелено лисје, спанаќот, морковот, вишната;

многу витамин Ц имаат ананасот, црната рибизла, грашокот, грејпфуртот, јагодата, карфиолот, келерабата, зелката, лимонот, мандарината, портокалот, доматот, ребрестата диња, зелената пиперка.

Овие количества се однесуваат на просечен оброк од овошје и зеленчук. На пример, за соковите тоа се 200 милилитри, а за зеленчукот би изнесувал од 100 до 150 грама, во зависност од видот на овошјето. Стручњаците препорачуваат четири или повеќе оброци од овошје и зеленчук на ден.

Во однос на конзервираната и замрзнатата храна, се смета дека, кога се работи за витаминот Ц, замрзната храна е подобар избор, како и купување на сезонско овошје и зеленчук бидејќи, меѓу другото, содржат и помалку соли.

Особено важно за пушачите: истражувањата покажале дека пушачите во крвта имаат 30%-50% помалку витамин Ц во однос на непушачите.  Освен тоа што е познато дека количеството на витамин Ц во крвта опаѓа со годините, сепак е добро пушачите да земаат витамин Ц.

Едно предупредување: големи дози на витамин Ц можат да го забрзаат создавањето на камен во бубрег, особено кај оние што се наклонети кон оваа болест, кога секојдневно се земаат по 4 или повеќе грама витамин Ц.

Овој витамин веројатно уништува одреденои количество на витамин Б12 во храната, а негативно дејствува и врз луѓето кои патат од недостиг на ензимот Г6ПД, што е кратенка за глукоза-6 фосфат дехидрогеноза, кој учествува во метаболизмот на глукозата, еден вид на шеќер.

Уште нешто: витаминот Ц оди мошне често заедно со витаминот А, а продуктите од растително потекло, богати со овие витамини, во исто време содржат и малку заситени масти и натриум, а не содржат холестерол. Улогата на витаминот

Ц во апсорпцијата на железото е мошне важна. Тој му помага на организмот да го апсорбира.

На крајот и неколку важни совети од Патриција Хаусман, од нејзината книга “Со храна и витамини против ракот”:

-свежата храна треба да се употреби што е можно побрзо оти витаминот Ц со стоење се разградува;

-продуктите што содржат витамин Ц не треба да се сецкаат на премногу ситни парчиња оти така се повеќе изложени на кислородот кој го уништува витаминот Ц;

-контактот со кислородот ќе го оневозможите доколку кога ги готвите во вода почекате водата да проврие;

-за готвење треба да користите што е можно помалку вода оти витаминот Ц може да прејде во водата;

-храната гответе ја што е можно покусо време; колку е готвењето подолго, повеќе витамин Ц неповратно се губи;

-витаминот Ц подобро ќе се одржи ако не е изложен на светлина.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion