Почетни знаења

0
36
  1. Како се вика направата за мерење на атмосферскиот притисок?

-Барометар. Го пронашол во 1643. година ученикот и секретарот на Галилеј, Торичели (1608-1647), со помош на жива и стаклена цевка. По смртта на Торичели работата на усовршување на барометарот ја продолжил францускиот филозоф и научник Блез Паскал (1623-1662);

  1. Колку пера има лебедот: околу 400, околу 7.000, околу 25.000?

-Околу 25.000. Еден мошне трпелив природонаучник ги преброил и заклучил дека лебедот има точно 25.126 пера, од кои 20.177 на главата и вратот, а 5.039 на телото!
Како споредба, нашиот скромен врабец има околу 3.500 пера зиме и 3.000 лете, а најмалата птица на светот- колибрито го красат само околу 940;

  1. Што содржи паричната единица на Франција?

-Сантими. Еден франк има 100 сантими;

  1. Амра е скапоцена суровина што се користи во парфимериската индустрија. Од што се добива: од кит, од сончоглед или од амбер-дрво?

-Од амбер -дрво. Расте само на грчкиот остров Родос;

  1. Како се викаат сликите што се лепат од различен материјал или делумно се лепат на површината од цртежот?

-Колажи;

  1. Филипика е колекција на монети со ликот на Филип Македонски-да или не?

-Не, труку говор во кој некој се напаѓа остро;

  1. Кој живее во игло?

-Ескимот. Иглото е направено од ледени плочи покриени со снег, во форма на повеќе куполи поврзани со тунели. Просечната температура во иглото изнесува 3 степени Целзиусови. Денес повеќето Ескими живеат во куќи;

  1. Во која уметност се прославила Марија Калас?

-Во оперската. Марија Калас (1923-1977) е еден од најголемите сопрани на светот на сите времиња. Таа е со грчко потекло, а нејзиното вистински презиме било Калогеропулос;

  1. Кој го измислил Шерлок Холмс: Д-р Вотсон или Д-р Артур Конан Дојл?

-Вториот, Сер Артур Конан Дојл. По професија бил лекар, исто како и помошникот на Шерлок Холмс-Д-р Вотсон;

  1. Како се вика бик на шпански?

-Торо. Од овој збор потекнува и тореадор-шпански борец со бикови.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion