Пастелот (тал. pastello) е уметничко дел изработено со пастелни бои.

Пастелна боја е писалка или креда во боја, всушност обликувано тесто од редуцирани врзовни пресувани пигменти. Благодарение на нив речиси нема прекршување на светлината, а тие едновремено доведуваат до мошне интензивни ефекти на бои. Станув збор за необично богата колоритна скала. Боите можат да се мешаат на самата основа на која се црта.

Пастелот како сликарска техника се потпира пред сѐ на сувотијата на боите. Притоа, готовата слика е мошне чувствителна и може лесно да се оштети. Се заштитува со фиксирање, но мора да се има предвид дека фиксативот на сликата ѝ ја одзема мекоста.

Постојат разни видови пастели, на пример восочен и маслен, но само сувиот е пастел во вистинската смисла на зборот.

За зачетник на оваа префинета техника се смета француско-холандскиот сликар Жан Клуе (1485-1540), дворски сликар на францускиот крал Фрањо I. Според некои други извори, прв го спомнува Леонардо да Винчи околу 1495. Како интимна техника пастелот дури од 18. век станува самосвоен начин на сликарско изразување, за полна афирмација да достигне низ делата на Едуард Моне и Тукуз-Лотрек.

Праформи на пастел, пак, треба да се бараат во предисториските цртежи на ловците-сликари со помош на природна креда, односно со нејзини грумулки на карпи на пештери.

Најпознати пастелисти се Едгар Дега, кој пастелот почнал да го користи дури  откога почнал да му ослабува видот, потоа Квентин де ла Тур, Пабло Пикасо, Едуард Моне, Тулуз-Лотрек, Одилон Редон, Росалба Криера и др.