Основни термини на еколошкото земјоделство

0
78

Во последниве неколку години многу се зборува за тн. органска или еко храна, односно за системот кој ги снабдува потрошувачите со свежа, вкусна и изворна (природна) храна, а притоа почитувајќи ги законитостите во природата.

Постои едно главно, всушност општо правило на органското производство: секој жив организам се смета за вреден, од најмалите микроорганизми кои живеат во почвата до гигантските стебла над нив.

Еве некои од главните поими и термини во „речникот“  на еколошкото земјоделство, но и најважните чекори за сигурно стасување до здрава исхрана:

Еколошко производство (органско, биолошко) – посебна гранка на одржливо производство во земјоделието и шумартсвото што ги опфаќа одгледувањето на растенија и животни, производство на храна, суровини и природни влакна, како и преработка на примарни производи, а ги вклучува сите еколошки, економски и општествено оправдани производно-технолошки методи, зафати и состави, најповолно користејќи ги плодноста на почвата и расположливата вода, природните својства на растенијата, животните, зголемувањето на приносите и отпорноста на растенијата со помош на природни сили и закони, со пропишана употреба на ѓубриво, средства за заштита на растенија и животни, во согласност со меѓународно усвоените норми и начела;

Еколошки производ – оној производ што е произведен и означен во согласност со одредбите на Законот за еколошко производство на земјоделски и прехранбени производи и прописи донесени врз негова основа.

Вистинскиот еколошки производ е означен со „знак за еколошки прооизвод“ кој е единствено пропишана ознака на производ што е прозиведен во согласност со Закон за еколошко производство на земјоделски и прехранбени производи и со прописи донесени врз основа на него.

Еколошкото земјоделство е дефинирано од страна на Меѓународното здружение за развој на органско производство – International Federation of Organic Agriculture Movements (IFOAM), и прифатено во програмите на ОН (WHO i FAO), како и Советот на ЕУ, каде што се спроведува според посебни стандарди и правни прописи, а заедничка работна група FAO/WHO при ОН работи на насоките за производство на еколошка храна (Правилник за прехрана).

Поимот „здрава храна“ претставува невешт и неправилен избор на зборови, оти според „Правилникот за здравствена исправност на прехранбени продукти“ сите на пазарот мора да бидат здрави. Во спротивно, не смеат да им бидат достапни на потрошувачите односно мораат да бидат отстранети од продажното место.

Девет постапни чекори кон здрава исхрана:

1. Јади само природна (несинтетичка) храна
2. Јади природна храна која не е преработка
3. Се освен месо, јајца, млеко, јади во што посуров облик кој можеш да го поднесеш
4. Прејди од тешки јадења на медитерански и други лесни кујни
5. Намалувај го внесувањето на храна од животинско потекло до исклучување од исхраната
6. Јади храна која расте во поднебјето во кое живееш
7. Движи се и умерено вежбај со тежините на своето тело
8. Пиј што почиста вода во доволни количества
9. Користи природни лекови наместо синтетички.

Како да се препознае природната храна?

Несинтетичка природна храна се сите хранливи растителни и животински видови и нивни производи што ги создала природата.

Синтетичка храна е се што измислил човекот.

За жал денес им е тешко дури и на искусните да препознаат дали е или не е нешто 100% природно.

Ако природната храна се меша со синтетички додатоци, таа исто така се смета за синтетичка.

Денес, за разлика од минатото, во однос на здравата храна, постојат развиени земји и оние дегенерирани.

Ако, на пример, купуваш овошје кое е прскано со хемикалии, постои време на задржување на хемикалиите во растението и тогаш тоа не се јаде. Тој период се нарекува “Каренца”, а тогаш производот не би смеел да се најде во продажба. За жал тоа не се почитува, па јадеме отрови.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion