Потребно време за читање: 2 минути

Инфантилно, ступидно, но е пред сѐ крајно тенденциозно да се поистоветуваат општеството и државата, особено кога се потенцира мултиетничноста. Притоа, или не се знае или не се сака да се научи (второво многу повеќе) дека постојат мултиетнички општества, но не и мултиетнички држави.

Жални се оние општества и оние држави во кои помеѓу нивните првенци има такви кои не го разбираат основното: дека општеството е севкупност на односи на луѓето спрема природата и нивните меѓусебни односи (најсложени и најбитни се производствените), а државата е политичка установа со ефективна власт над одредена географска област.

Рекле мудри луѓе за општеството и државата:

Оној што сака да го поправи општеството, треба да почне од себеси.
Арне Гарборг

Општеството се поправа тогаш кога ќе посака да се врати на старомодниот занес и некогашните идеали.
Роберт М. Пирсиг

Духот на вистината и слободата-ете, тоа се столбовите на општеството.
Хенрик Јохан Ибзен

Има две широки поделби на општеството: оние со повеќе оброци одошто со апетит, и оние со повеќе апетит одошто со оброци.
Никола Себастијан Шамфор

Ќе ѝ направиш најголема услуга на државата ако креваш не покрив на куќите, туку им ја креваш душата на граѓаните, зашто е подобро големи души да живеат во ниски куќи, одошто во големи згради да се завлекуваат духовни бедници.
Епиктет

Еден човек е појак од друг-тоа е природна работа: многумина луѓе се појаки од еден-тоа е општествена работа.
Клод-Андриен Хелвециј

Како што самото општество го произведува човекот, така и тоа е произведено од него.
Карл Маркс

Најмодерно создадената држава е онаа во која сиот народ е најцелосно заинтересиран за судбината на татковината.
Виктор Кузен

Ако сакаш да знаеш какви се државата и нејзината управа и каква им е иднината, дознај колку во таа земја има честити и невини луѓе по затворите, а колку злосторници и престапници на слобода.
Иво Андриќ

…Накусо, совршеното општество би било она во кое секоја класа и секој член би го работеле она за што се според природата најспособни; во кое ниедна класа и ниедна единка не би ѝ пречела на друга, туку сите би работеле различно, а пак заеднички, за да создадат способна и хармонична целина. Тоа би била праведна држава.
Платон

Повеќе држави пропаднале поради повреда на моралот, одошто поради повреда на законот.
Шарл-Луј д Секонда д Монтескје

Најмногу закони има во најрасипана држава.
Тацит

Среќна е онаа држава во која сите граѓани имаат умерено и доволно сопствеништво.
Аристотел

Среќна е онаа држава во која никаквеци не можат да заповедаат.
Митилене Питакус (еден од седумте мудреци на античка Грција)

Нема среќна заедница без среќни поединци.
Јосип Броз Тито

Против јавниот непријател во државата секој граѓанин е војник, инаку ни се заканува преврат и анархија.
Готфрид Вилхелм Лајбниц

Границите на довербата кои може да се имаат во една држава се одредени со нејзините интереси.
Џорџ Вашингтон

Државниците се слични на хирурзите: нивните грешки се смртоносни.
Франсоа Моријак

Ништо повеќе не ја погаѓа државата, отколку кога итар човек се смета за мудар.
Френсис Бекон

Кога се вади од државната благајна, не го боли срцето ни најголемиот скржавец.
Иван Раос

На државникот му е потребен телескоп, а не очила.
Хорацио Валпол

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here