Потребно време за читање: 2 минути

Се смета дека претставувањето на Интернет не е ништо друго, освен еден вид маркетинг. Се работи за користење на пребарувањето и презентирањето на Интернет со цел создавање на профит. Самото презентирање на Интернет, пак, е реклама која има битни разлики во сите нејзини сегменти во однос на стандардното, а пребарувањето е помош при презентирањето во случај на постоење на реклама.

Присуството на Интернет не подразбира само претставување на производствена програма, со евентуален ценовник и можности за контакт, туку и комплетно осмислена презентација направена за лице кое доаѓа и „шета” низ глобалната мрежа. Адекватната Интернет презентација, промотивните активности кои вклучуваат пријавување на пребарувачи и рекламирање на web страници кои можат да придонесат за поголема посетеност, како и е-списанија, рекламирање во нив, дискусии и други алтернативни начини на Интернет маркетинг кои соодветствуваат на работењето на односната фирма, сите тие би требало да се опфатат плански, со промислен маркетинг, доколку се сака постигнување на деловни резултати. За добар маркетинг не се најважни големи парични вложувања, туку знаење и идеи.

Прочитај и за ... >>  Како да се продадете добро?

Интернет маркетингот не завршува со изработка на една web страница и нејзино пријавување на еден или на неколку пребарувачи. Маркетингот не е давање на неколку огласи во локален огласник. Тој бара континуирана анализа, истражување, планирање и следење на резултатите со користење на стандардни и алтернативни методи.

Интернет маркетинг планот се состои од следните целини кои се креираат во текот на создавање на концептот присуство на фирмата на Интернет:

1. Executive Summary: дефинирање на целта на маркетингот или кои се целите на промоција на Интернет;

2. Анализа на статистиката на пазарот: за да се дојде до овие податоци е потребно да се изведат, да се пронајдат или нарачаат истражувања кои ќе доведат до реални податоци за состојбата на пазарот, вклучувајќи го и Интернет пазарот;

3. Формулирање на стратегија на маркетинг комуницирањето: планирање и формулирање на најоптимална маркетинг стратегија во согласност со утврдените цели и состојбата на пазарите;

4. Планирање на потребните средства за маркегинт: дефинирање на конкретни сегменти на имплементација на маркетинг стратегии; планирање на цена на истражувањето, анализа, креирање на посебни елаборати, рекламен материјал и сл.;

Прочитај и за ... >>  Туризмот на Јужниот пол

5. Формирање на маркетиншки тим: кој ќе ги врши овие задачи и на кој начин; организацијата на човечки ресурси претставува најбитен сегмент во креирањето на успешна работа, па така и во имплементацијата на Интернет маркетинг планот, во случај на креирање на ваков тим во самата фирма. Деловниот Форум може да формира тим според конкретните потреби на одредена маркетиншка активност;

6. Креирање на корпоративен идентитет на фирмата: класичните елементи на маркетиншката стратегија ги вклучуваат и спецификите на Интернет (мисија, лого, слоган, визуелен идентитет на web страници, начини на комуникација со коминтентите по пат на Интернет…);

7. Дефинирање на временски рокови: организација на маркетиншки активности без точно одредени термини може да го доведе во прашање комплетниот маркетинг план;

8. Дизајнирање на промотивни активности (Internet Media Plan): креирање на услови за ефикасно дизајнирање на поединечните маркетиншки кампањи;

9. Креирање на додатни маркетиншки материјали и кампањи: насоки, описи на одделните чекори во изведувањето на маркетиншките кампањи, обединување на потребната документација, подготовка на посебни материјали, планирање на саеми, претставувања…

Прочитај и за ... >>  Модерно потрошувачко општество: Купувам, значи постојам

10. Спроведување на сопствени истражувања на пазарот: користење на сопствени ресурси (web страници, mailing листи, анкети…) за креирање на слика за спецификите на корисниците на Интернет услуги на одредена фирма;

11. Извршување на промотивни програми: врз основа на претходно подготвени сегменти на Интернет маркетинг планот се спроведува конкретна маркетиншка кампања;

12. Мерење на ефектите на маркетиншките активности: егзактни податоци кои овозможуваат мошне прецизно дефинирање на наредните маркетиншки кампањи и корекција на начинот на присуство на фирмата на Интернет пазарот и пазарот воопшто.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here