Како да ја проверите вашата интелигенција

0
20

Наједноставно: преку тестови на интелигенцијата. Обично, тие се составени од извесен број  на задачи кои, врз основа на низа постојани постапки, претходно грижливо се анализираат и проверуваат.

Интересно, првиот тест на интелигенција го направиле двајца Французи- психологот А. Бине и лекарот Т. Симон, уште во 1905. година, а на барање на француското Министерство за просвета, за издвојување на децата кои поради застој во интелектуалниот развој не се во состојба да ја следат редовната училишна настава.  Всушност, тоа бил тест составен од 30 задачи со различна тежина, што се користеле како средство за утврдување на менталната заостанатост на децата.

Во основа, постојат 3 вида на тестови на интелигенција: вербален, нумерички и фигурален. Се разбира, во директните-непосредните контакти најприфатливи се вербалните и, во помала мера, нумеричките, а фигуралните тестови бараат непосредна или посредна визуелизација.

Воопшто, за секој тест, освен тежината, е мошне важно времето на решавање. Тоа е точно утврдено и не дозволува поголеми отстапувања. Без него резултатот не може да биде доволно валиден, а успехот не може да задоволи.

Постојат најразлични тестови на интелигенцијата. Некои имаат сознавачки, едукативен карактер, а некои го преферираат во поголема мера забавувачкиот. Тоа зависи од целта што е детално елаборирана, обработена, синтетизирана, конкретизирана преку вредносни таблици што содржат групи на лица кои се тестираат, возрасни категории, збирни бодови и сл.

Во продолжение нудиме еден тест за проверка на интелигенцијата односно на интелектуалниот потенцијал.

Следниве 12 поими или зборови треба правилно да ги вградите- поставите во текстот, секој на своето место:

паѓа-паѓаше; тесно; водата; таму; топи; дожд; длабок; чиста; корито; снегот; брега; поток.

Ставете ги на местата во празнините на следниов текст под наслов „Дол“:

Долот се наоѓа во подножјето на два…1…обраснати со габер. Тука тече…2…преку карпи кои се час куп камења, а час необично…3…кривулесто и искршено; час пошироко и светло, а час сосема…4…и речиси мрачно. Но тоа корито е мазно секаде, дури и на местата кајшто нема вода: течејќи со векови по него…5…го излижало и го измазнило. Тука и…6…се наоѓа по некој вир; еден…7…до колена, а понекогаш и до колковите. Бидејќи цел ден вчера…8…и…9…, би можело да се очекува да биде матен. Меѓутоа, не е така: водата е…10…, водата е проѕирна. Водите овде брзо пројуруваат и затоа од матните бргу стануваат чисти: за миг го отфрлаат од себе сето она што
го донесуваат дождовите или…11…кога се…12…и пак се избиструваат.

(Решение: 1=брега; 2-поток; 3-корито; 4-тесно; 5-водата; 6-таму; 7-длабок; 8-паѓаше; 9-дожд; 10-чиста; 11-снегот; 12-топи.)

Вредносна скала: Секој збор носи 1 бод повеќе.

Категории на успех: 1-недоволен, 2-доволен, 3-добар, 4-многу добар, 5-одличен.

За ученици од основно образование:

6-то одделение: 1=0-15; 2=16-24; 3=25-37; 4=38-44; 5=45 и повеќе;
7-мо одделение: 1=0-17; 2=18-26; 3=27-43; 4=44-53; 5=54 и повеќе;
8-мо одделение: 1=0-19; 2=20-29; 3=30-47; 4=48-56; 5=57 и повеќе.

За средно образование и возрасни категории со соодветна школска
подготовка:

1-2 клас: 1=0-25; 2=26-38; 3=39-53; 4=54-60; 5=60 и повеќе;
3-4 клас: 1=0-27; 2=28-40; 3=41-54; 4=55-63; 5=64 и повеќе.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion