Енциклопедиски едиторијал, www.panoptikum.mk

0
218

ПАНОПТИКУМ | Постојат големи и мали, краткотајни и долготрајни, заборавени и незаборавни, значајани и безначајни настани. Сите тие се дел од ôдот на Човекот, од неговиот живот, неговото опкружување, од неговото дејание и создавање. Постојат дела кои се за едни големи, за други мали, за едни многу, за други малку вредни или безвредни дела.

А не е мал бројот на оние кои по подолго време премолчувани, обезвреднувани, маргинализирани, станале-стануваат неодминливи, претставуваат несомнен придонес за севкупниот развој на човековата цивилизација.

Во ова опкружување Интернет, во огромниот број веб страници со секакви содржини, каде што секојдневно се случува надградување, развој, интеграција, во морето на информации на глобално ниво, при што секојдневно се раѓаат многу нови, сме и ние-www.panoptikum.mk. Оние што нѐ знаат, постојано/секојдневно нѐ посетуваат, нѐ следат, ќе се согласат дека „Паноптикум“ е „нешто сосема друго“; се изделува од сите постојни во македонски интернетски „рамки“, па и пошироко.

Најпрво оти сме енциклопедиски сајт во вистинска смисла, оти се „потпираме“ на моќта на знаењето и, следствено, е моќен-најмоќен сајт. Потоа уште многу друго: оригинална концепција, со мошне широк опфат на теми-сознанија, спознанија, умности, знаења, искуства; на состојби, проблеми, прашања; занимлив, забавен, а од денес и со модерен, естетски мошне привлечен, динамичен дизајн.

Уште нешто, еднакво важно: отворен за пополнување, дополнување, за натамошно секојдневно богатење.

Што е всушност ПАНОПТИКУМ:

Култна македонска радио емисија „Паноптикум“ – комплетно авторско дело на еден од доајените на македонското радио – новинарство Љупчо Димитровски, реализирана на Втората програма на Македонското радио во 90-тите години на 20-от век (првата емисија е реализирана на 05.05.1989.), продолжена како 18-часовна програма на ЕВЕРГРИН ГРОМ РАДИО, под наслов РАДИО ГРОМ (1996-2006).

Љупчо Димитровски за неа го доби годишното признание за радио новинарство „Крсте Мисирков“. По повод 200-тата емисија на „Паноптикум“, на 20-ти и 21-ви април 1993-та година, тој постави досега ненадминат македонски рекорд: реализација и водење на програма во живо 25 часа без престан.

Животот на „Паноптикум“ продолжи на овој простор-www.panoptikum.mk. Мултимедијално, со сиот творечки опус, концепт и енергија: текст, аудио, видео.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion