Хумус

0
61

Хумусот во „репродуктивен модел” би значел следново:

Ако планетата Земја ја третираме како жив организам и ја наречеме мајка или сестра, на хумусот би му припаднала чесната улога на матка.

На симболичко ниво хумусот е персонификација на расадиште, на живиот живот, а во традиционална смисла значел и значи сѐ-со милениуми заедно со сонцето и водата обезбедува се потребно за живиот свет, што значи и за животот на човекот.

Во составот на органскиот дел на почвата, на хумусот му припаѓаат 85%. Тој ја регулира состојбата на структурата на почвата, го зголемува нејзиниот водниот капацитет, ја спречува ерозијата, овозможува пропуштање на водата и воздухот и прима, пренесува и складира хемиски елементи клучни и нужни за растот и развојот на растенијата. Во природата настанал и настанува спонтатно, со распаѓање и таложење на органскиот материјал на површината на тлото.

Според мислењето на некои градинари филозофи, проблемите со хумусот настанале со откритието на мотиката и плугот, зашто со копање и орање почнале да се мешаат слоевите на почвата. Со тоа почнала ерата на нејзина нарушена рамнотежа и може да се каже дека таа денес ја достигна кулминацијата. Меѓутоа, многу посериозни проблеми настанале напоредно со настанувањето на модерната агрономија која почвата  и хумусот во неа, без никаква перцепција за сложеноста на неговиот екосистем, го доживувала и го доживува како инертен медиум.

Ерозијата на почвата, дефорестизацијата, неодржливото ширење на човечките населби, загадувањето на почвата и подземните води, како и забрзаното осиромашување на обработливите површини и нивна сезонска биохемиска реанимација, се денешни проблеми поврзани со хумусот и создаваат маѓепсан круг. А заедно со проблемите на опасниот отпад заземаат високо место на скалата на најургентни еколошки проблеми како во земјите во развој, исто така и во развиениот свет. Обработливи површини на планетава од година на година има се помалку- статистичките податоци се алармантни.

Меѓутоа, гротескно е како некои решенија се едноставни и како за нив клучните луѓе- оние што донесуваат одлуки се незаинтересирани само поради тоа што не се во интерес краткорочните добивки.

Хумусот не е само она „црно” спакувано во вреќи од 5, 20 или 50 литри, во шарена амбалажа на полица во супермаркет. Тој е далеку поблиску до нашиот секојдневен свет, само што често не го препознаваме.

Има многу практични начини за создавање и зачувување на тоа зрело темно богатство. Еве некои од нив:

-со рециклажа на органскиот отпад од домаќинството и со негово компостирање ги решаваме проблемите на натрупување на негрупираниот отпад;

-со покривање или малчирање на органски отпад (лисје, гранки, трева, сено, весникарска хартија, картон) имитираме шумско тло, ја чуваме влагата во него и го спречувам брзото исушување;

-со одгледување на калифорниски глисти во мошне краток период доаѓаме до големи количества на вреден хумус;

-со уситнување на крупна целулозна биомаса го решаваме проблемот на транспорт со цел согорување на тој вреден ресурс, а и со добро дизајнирано садење на растителни заедници и пошумување воопшто ги спречуваме деградацијата и ерозијата на почвата, а создаваме кислород и го подигаме квалитетот на животот во градовите.

Тие методи, со систематска примена, понекогаш се изразито ефикасни и постојат многу пример мошне деградирани земјишта во камен, глина или песок успешно да се претвораат во врвни земјоделски земјишта.

Со примена на филозофијата на градинарството, со издвојување на отпадот, со отворање на заеднички градини, со едукација за околината, со дизајн на животните простори, можеме да направиме многу во одложувањето на сопствена предвремена егзекуција.

Стручњаците потенцираат три аспекти на позитивно дејство на хумусот врз растенијата: биорегулативното на хумицираната органска материја, прхранбеното на макро и микро-минералните елемементи и мелиоративното дејство на микроорганизмите на земјиштето. Тие се засновани на физичко- хемиските својства на хумусот.

Тој се користи на повеќе начини кои се разликуваат меѓусебе според функцијата, времето на употреба, повторувањето и ефектите:

-чистиот хумус со помала содржина на органска материја (30-40%) се користи како целосен супстрат за одгледување на расад и производство на посеви;

-хумусот со 40-50% органска материја и поголема содржина на ауксин и хумат е идеален супстрат за заживување на резници и положеници кај многу хортикултурни растенија.

Со учество на хумус од 5-50% се подготвуваат различни специфични супстрати за грнчарии и стакленици. Во земјоделието и градинарството хумусот служи како основно есенско ѓубриво, но и како стартно на пролет. За исхрана на овошје, винова лоза и саден материјал хумусот се користи како во претходниот случај, но и за прехранување во текот на вегетацијата. Кај културите кои даваат повеќе берби, жетви или косења, хумусот редовно се применува за секоја генерација на плодови посебно (јагоди, домати, пиперки), како и за секој откос (детелина луцерка итн.).

Хумусот за сите култури може да се користи како „сув”, заоран или растурен по површината, во раствор за залевање и во вид на суспензија за фолијарно прехранување.

Мошне е важно да се напомне дека при користењето на хумусот во земјоделските култури, пасиштата, ливадите и тревниците, тој оди сам како подлога или прехрана, без додавање на останатите хемиски адитиви или минерални и арски ѓубрива.

Содржината на хумусот, кој ги одредува неговиот квалитет и употребната вредност, зависи од многубројни фактори и е мошне променлива категорија. Мерните параметри кои ја покажуваат неговата вредност се: содржината на хигрископна влага, pH- вредноста во H2O и KCL, содржината на хумусот, содржината на органска материја, содржината на пепел, содржината на азот (N), фосфор (P2O5), калиум (K2O), макро и микро елементи, содржината на кобалт (Co), олово (Pb), кадмиум (Cd), како и бројот на бактерии по 1 грам.

Сите растенија, како при одгледувањето исто така и понатаму, позитивно дедјствуваат, реагираат на зголемено присуство на хумус во земјиштето. Освен копнените, на хумусот позитивно реагираат и водните растенија, корисен е за алгите и мовта, како и за најсложените цветници. Растенијата третирани со хумус имаат посилен- поразгранат корен, кој мошне интензивно ги усвојува хранливите елементи дури и во услови на намалување на влажноста. Под влијание на хумусот растенијата полесно им одолеваат на сушата, мразот и други непогоди.

Предсетвеното ѓубрење со хумус обезбедува значително побрзо и порамномерно ртење, никнување и иницијален пораст практично на сите култури. Побрзиот раст е проследен и со поголема органска продукција која условува зголемување на вкупните приноси во просек за 20-30%, а кај одделни култури и над 100%.

Употребата и дозирањето на хумусот зависат од неговиот квалитет, квалитетот на земјиштето т.е. pH врдноста на почвата, колку е таа уништена со хемиски средства, како и самиот квалитет на културите кои ги сакаме за посеви.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion