Потребно време за читање: 4 минути

Потврдено: растенијата имаат мошне поволно влијание врз оние кои се занимаваат со нив. Тие го пречистуваат воздухот, ги впиваат токсичните материи и како филтер го отстрануваат градскиот смог. Се одгледуваат лековити, зачински билки, зеленчук.

Одгледувањето се покажа особено благотворно кога се работи за лица наклонети на чести промени на расположението, мрачни мисли и депресии.

Д-р Бенџамин Раш, американски психијатар (18. век), забележал дека градинарството ги ублажува сите видови на напнатост и ги отстранува негативните емоции, како стравот, лутината, тагата и незадоволството.

Денес градинарството во стручните кругови е признато како мошне делотворно терапевтско средство. Понови истражувања покажуваат дека веќе и самиот престој во близина на зелени површини го подобрува квалитетот на животот.

Благодарените на своите бои, формите и мирисите, цветната градина го поттикнува внатрешниот мир и рамнотежата, активира скриени потенцијали, ја поттикнува креативноста и мотивира.

Работата во градина опушта и ослободува од стрес, и успешно лечи големи и мали „животни гребнатини и рани“. Со сеењето, засадувањето, посматрањето на растењето и обновувањето на природата човекот добива волја за ширење на сопствените потенцијали, па така станува позадоволен.

Но, градината не е само мевлем за душата. Грижата околу растенијата подразбира низа физички активности. Залевањето, скопувањето, прскањето, плевењето се делотворни против тегобност, помагаат да го исполните денот и да се чувствувате корисни.

Градинарството може да помогне и да се ослободите од чувство на несигурност во друштво. Тоа го олеснува контактот со луѓето, а поделбата на задолженијата и заедничката работа олеснуваат да се победи срамежливоста.

Потврдено е дека работата со растенија позитивно дејствува врз концентрацијата. Кај лица со инвалидитет можноста да се грижат за растенијата им ја зголемува вербата во нивните сопствени способности.

Јапонски научници сметаат дека луѓето кои живеат во улица во која има дрвја или во близина на парк имаат добри шанси подолго да живеат и да бидат поздрави.

Прочитај и за ... >>  Одгледување на домати и пиперки

Ако сакате да се чувтсвувате помлади, почнете да се занимавата со градинарство. Ова го сугерира најновото истражување од два тексашки универзитета. Имено, се чини дека работата во градина и околу цвеќиња на лица над 50 години старост им дава повеќе волја за живот, како и енергија, одошто е тоа случај кај луѓе кои со тоа не се занимаваат. Освен тоа, градинарите се повеќе организирани и оптимистични.

Околу 71% од нив тврдат дека не се чувствуваат стари, во споредба со 57% од другите луѓе. Натаму, градинарите се чувствуваат многу поенергични, повеќе се движат и телесно се, но и ментално поактивни. Луѓето кои дел од своето време трошат на уредување на градина исто така тврдат дека се позадоволни од животот. Исто така, тие почесто јадат здрава храна, свежо овошје и зеленчук.

Сите тие факти, во комбинација со телесната активност, резултираат со поздрав начин на живеење и зголемен квалитет на животот воопшто.

Британското здружение„Thrive“ тврди дека градинарството е добра тераписка алтернатива.

Кети Рикус работела како терапевт 8 години пред да стане водителка на тренинг и едукација во здружението:

„Градинарството луѓето ги поврзува со природата, тоа е жив медиум. Во нашето здружение работиме со луѓе со различни проблеми, а градинарството е алтернативна терапија која овозможува физичка и психичка промена. Психололшката корист од градинарството е голема. Ја подига самодовербата, како и виталноста на телото. Луѓето кои патат од некои психички пореметувања и често живеат во изолација ги поттикнува да се дружат и да се отворат спрема светот“.

Една студија спроведена заедно со Унивезитетот Лоугбороу утврдила дека терапевтската хортикултура обезбедува здравје и социјални функции. А истражување на Универзитетот Бристол укажало дека градинарството го подига нивото на серотонин во мозокот. Растенијата имаат можност да ги стимулираат нашите сетила за допир, вид, мирис, па дури и слух.

Прочитај и за ... >>  Непознатото растение бамбусот

Во топ 5 природни лекови кои секако се исплати да се испробаат спаѓаат: лавандата, балзамот од лимон, рузмаринот, камилицата и гинсенгот.

Тренд во Америка: додека цените на храната растат до небо, а домашните буџети се тенчат, луѓето се повеќе одгледуваат своја храна, и тоа не само на село, туку се повеќе и в град.

Урбаните фармери се шират како плевел во американските градови, користејќи секое парче зеленило. Дури и семејството на Обама влезе во приказната: Мишел Обама во тревникот на Белата куќа посади градина за кујната- за храна за семејството и образование на децата за одгледување и јадење на здрави и свежи производи.

Водечката американска компанија за продажба на семиња Burpee минатата година ја зголеми продажбата на семиња за зеленчук 30%, а омилени семиња на градинарите им се мешунки, домати, салата, пиперки, моркови и краставици.

Во САД се врати трендот на тн. victory gardens, градини какви што се саделе за време на Втората светска војна. Современите градини својот триумф го најавуваат во борбата против високите цени на храната, надмоќноста на трговските синџири, глобалното затоплување и штетните животни стилови.

Одгледувањето на сопствена храна е економично: Burpee проценува дека од вреќа семе за домати вредна 3 долари може да се одгледа зеленчук во вредност од 1.000 долари, според цените на трговските синџири.

Вашето овошје и зеленчук од градината добро дејствува и врз околината, потеклото му е органско (доколку не користите пестициди), ги намалува трошоците на транспорт, ја поттикнува разновидноста на исхраната, а е корисно и за локалните животни, особено пчелите.

Се разбира, вкусната храна која е сезонска и свежо набрана од градина, поволно дејствува и врз здравјето.

Прочитај и за ... >>  Одгледување на зелка

Трендот на одгледување зеленчук се поврзува и со глобалното движење за Slow Food, кое го поттикнува размислувањето за тоа од каде всушност стигнува храната на нашата маса и користа од сезонско овошје и зеленчук одгледано локално, а не од индустриското производство.

Зелените површини се секогаш добивка за гадовите, па затоа во Лондон се чека и по 10 години за да можете да изнајмите свое парче во локалната градина. Но, глобалното движење на герилата на градинарството се досети да ги поттикне луѓето кои живеат во градовите на окупација на парченца земја кои не служат за ништо и да ги трансформираат во продуктивна градина, заменувајќи ги така отфрлените вреќички чипс и догорчиња со салати и рузмарин преку ноќ.

Всушност, одгледувањето е можно каде било. Џејми Оливер еднаш нагласи дека е едноставно да се одгледува зеленчук во градовите, користејќи го примерот на пијан пријател кој фрлил парче негова пица во тегла покрај влезната врата и три месеци подоцна никнале домати.

Може да се одлегуваат растенија, зеленчук и овошје на најмали парчиња земја, во прозорци, на покрив, балкон, на скалила и слични места. Ако ви е тешко да се разделите од цвеќето, посадете живописни и декоративни растенија, како чили пиперчиња или грав кој има прекрасни цветови.

Истражувањата покажаа дека одгледувањето на сопствена храна ја поттикнува биолошката разновидност во градовите, така што во Германија просечната градина има 59 видови на овошје и 114 видови на зеленчук, во споредба со индустрискиот просек од 30 видови овошје и 35 видови зеленчук. Исто така, пронајдени се 22 украсни растенија на 100 квадратни метри домашна градина, во споредба со одвај едно во урбаните паркови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here