Древна (Античка) Македонија

0
70

Д-р Иван Алексов е автор на интересен прилог со наслов „Документи за Македонија и Македонците“ во кој посочува на интересни и малку познати извори за древните-античките Македонци

ХОМЕР ВО СВОЈАТА „ИЛИЈАДА“  ГОВОРИ ЗА ПЕЛАЗГИТЕ
„Од  Арг што беа, во пеласки крај што живееја,
Од Фтија и Елада со убави жени,
Тие Мирмидонците се викаа, Ахил водач им беше…“
Хомер, Илијада II пеење, стр 131

ХОМЕР: ЈАС СУМ ОД ПАЈОНИЈА И ВО БОЈ ГИ ВОДАМ ПАЈОНЦИТЕ
„Јас сум од Пајонија, далечна плодна земја
А во бој ги водам Пајонците со долги копја;
Ова утро единаесетти пат ми свети
Откако во Илион градот стигнав.
Мојата лоза потекнува од оној Широк Аксиј,
Аксиј што тече по земја со најубава вода;
Тој Пелагон го роди, а јас сум негов син….“
Хомер, Илијада XXI пеење, стр. 592

ХЕРОДОТ ЗА  ТРОЈЦАТА БРАЌА ГАУАН, АЕРОП И ПЕРДИКА КОИ ЈА ОСВОИЛЕ МАКЕДОНИЈА И ЗА ЛОЗАТА НА АРГЕАДИТЕ
Ама, секогаш кога кралицата го печела лебот со кој ги хранела нивните служители, лебот за Пердика двојно се зголемувал. Таа му кажала на мажа си за оваа невообичаеност, кој во тоа време видел заканувачки знак за него. Тројцата браќа се повикани и добиваат наредба да заминат. Тие одговориле дека се подготвени да послушаат штом ќе им бидат дадени платите што им се должат. На ова барање кралот, кој се наоѓал близу огништето каде низ отворот на покривот паѓале сончевите зраци, како да бил опфатен од божја вдахновеност, покажувајќи им ги зраците им рекол: „Земете, јас ви го давам ова, тоа се платите што ги заслужувате“. Гауан и Аероп останале без збор на овој одговор, ама Пердика извикал: „Добро, прифаќаме“, и наведнувајќи се три пати правел како да зема од зраците во скутовите на неговата облека и да ги дели со неговите браќа, по што сите тројца се оддалечиле. Меѓутоа, еден од блиските на кралот му укажал на чинот на младиот човек и на начинот на кој го прифатил тоа што му го понудиле. Кралот уште повеќе се вознемирил, се налутил и испратил коњаници (ова  било најстаро споменување на македонските хетајри, придружници на кралот на коњи, н.б.) по нив, за да ги погубат. Ама бегалците веќе ја имале минато реката која по нивното минување толку надошла што коњаниците не се осмелиле да ја поминат. Така тие можеле да заземат еден друг дел на Македонија. Тие се населиле на источните падини на Бермион, во близина на градините на Мида, и токму оттаму ги презеле нивните освојувања на останатиот дел од Македонија.
Хер.,VIII, 138

ЈУСТИН: КРАЛОТ КАРАН ГО ИЗБРКАЛ КРАЛОТ НА БРИГИТЕ МИДА КОЈ ИСТО ТАКА ЗАФАЌАЛ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА
„Каран го избрка Мида кој исто така зафаќаше еден дел од Македонија”.
Јустин, VII. 1

ХЕРОДОТ: БОТИАЈА СТАНАЛА ПОКРАИНА НА МАКЕДОНИЈА. РЕКИТЕ ХАЛИЈАКМОН И ЛИДИЈА ЈА РАЗГРАНИЧУВААТ ЗЕМЈАТА НА БОТИАЈА И МАКЕДОНИЈА
„Аксиј, што ја разграничува земјата на Мигдонија и на Ботијаида, на чиј тесен појас земја крај морето се наоѓаат градовите Ихнаи и Пелла… Овие (Халијакмон и Лидија) мешајќи ги водите во еден тек, ја разграничуваат земјата на Ботијаида и Македонида”
Хер. кн.VII, гл.123

ГРОТЕ: АМИНТА И БИЛ ГОСПОДАР НА ЗНАЧИТЕЛНА ТЕРИТОРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
„Аминта I бил господар на значителна територија. Таа го опфаќала целото крајбрежје на Пиерија до утоката на Халијакмон од другата страна на реката, и повеќе места од каде биле истерани Ботиајците. Ама таа уште не го опфаќала целото крајбрежје меѓу Халијакмон и Аксиј, ниту Пелла што била во рацете на Ботиајците кога Ксеркс (кралот на Персија за време на Грчко-персиските војни 500-449 г.пр.н.е, н.б.) заминал таму“.
Г.Гроте, A. Histors of Greece, I-X 1846-1856, Лондон, IV, 24

КРАЛОТ КАРАН ГИ СПЛОТИЛ ПЛЕМИЊАТА ОД РАЗНИ НАРОДИ И ЈА ОБЕДИНИЛ МАКЕДОНИЈА
„Откако најпосле биле потиснати Мида (и тој држел дел од Македонија) и другите кралеви, наместо сите ни, Каран сам ги сплотил племињата од разни народи и ја обединил Македонија”
Јустин, VII, 2

(Извор: Македонска нација- http://mn.mk/)

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion