Дијада: мајка-дете

0
16

Социолозите одамна потврдиле дека односот помеѓу мајката и детето (интерактивност) е доминантен, всушност клучен за развојот на личноста на детето, но и за перспективата на односот спрема себеси и спрема светат, на семејниот круг во најпширока смисла на зборот.

Ова особено се однесува на традиционалните „заштитни“ средини, во кои затврдениот тип на врска се пренесува од генерација на генерација. Се разбира, не треба да се маргинилазира и улогата на таткото, но сепак мајката е „пред сѐ“.

Позната е врската помеѓу начинот на кој сме одгледани и на кој ги одгледуваме сопствените деца. Постои знак на равенство помеѓу воспитните стилови на родителите баба и мајка, и тоа по категории: отфрлање, емоционално прифаќање, презаштитување и недоследност. Во оваа дијада доминантен е преносот на „вграденото- всаденото“ во мајката од нејзините родители (најмногу од нејзината мајка) врз нејзиното дете, и тоа почнувајќи од „клишираните“ гестови во конкретни редовни- константни ситуации, преку начинот и содржината на исхраната (менито на мајката станува и мени на детето- без оглед на неговата лична, специфична психо- физичка конституција), па се до односите со членовите на поширокото семејство.

Со други зборови, квалитетот на дијадата мајка-дете (на дете пред сѐ до тригодишна возраст) е поврзан со мајчиното доживување на воспитниот стил на нејзината мајка. Притоа, мајките кои за воспитните стилови на своите мајки се изјаснуваат како за емоционално прифатливи, главно ги подигнуваат своите деца со разбирање и топлина, обезбедувајќи им сигурна база за натамошно растење и развој.

Негативното во тоа е што, на пример, оној феномен поврзан за децата кои растат без мајки, во домови, се среќава и кајшто е мајката физички присутна, жива и здрава. Најчесто се работи за студени, дистанцирани мајки, студени и беспрекорно средени домови, со акцент на дисциплината и хигиената (ред и работа) и сл. Овие мајки начесто носат доживување на отфрленост од сопственото детство и за него соопштуваат во слични категории.

Исто така, во интеракцијата со детето е очевиден преносот на доживеаното на мајките од своите мајки како презаштитувачки, па и недоследен. Нервозни и несигурни, сѐ уште претерано вклучени во примарното семејство (мошне често и живеат во заеднички домаќинства), во контактот со детето како постојано да имаат лош „тајминг“. Го хранат преслекуваат, обуваат, го носат, ги спречуваат иницијативата и ентузијазмот на детето. Редовно се премногу нервозни да реагираат кога на детето му е потребна пофалба, поткрепа во вид на прегратка или насмевка. Во потрага по мајката децата ја играат и оваа игра: стануваат болникави, троми, несигурни, емоционално врзани.

Стручниот заклучок (врз основа на конкретни истражувања- статистичка обработка на податоците) е:

Најзастапен е сигурниот, прифаќачкиот тип на врска помеѓу мајката и детето, но треба да се води сметка и дека феноменот на „грижлива“ мајка, инаку фаворизиран во нашата култура, дава несигурни, емоционално зависни деца, а кои, наместо во самостојно растење и развој, енергијата ја вложуваат во стратегиите на „обезбедување“ на мајчиното внимание.

Уште едно потврдено сознание за поврзаноста помеѓу мајката и детето: мајката има единствен придонес врз развојот на човековиот мозок.

Имено, дури и посматрањето на мајчината слика ги активира мозочните станици повеќе од сликата на кој било друг, макар да е збор за таткото, партнерот или некои познати лица.

Од истражувањето на Универзитетот Торонто, Канада, се заклучува дека поврзувањето на детето и мајката уште од првите денови на неговиот живот резултира со тоа што мајката едноставно никогаш не е отсутна од главата на потомокот, дури и по многу години.

Една од водителките на студијата, докторката Мари Арсалиду, објаснува дека фактот оти оваа активност ја гледаме дури и кај возрасните лица кои со години живееле далеку од родителите потврдува дека е збор за долгорочен ефект.

А студија спроведена во САД откри дека мајчиниот глас, макар и телефонски, ги смирува нервите, исто како и прегратката.

Веројатно нема да биде мал бројот на оние на кои следново тврдење не ќе им е прифатливо, но „тоа е тоа“: полот на детето зависи од богатството на мајката.

Побогатите мајки главно раѓаат синови, додека жените кои живеат во потешки услови раѓаат повеќе ќерки!

Научниците откриле фасцинантна врска помеѓу финансискиот статус на жената и пропорциите на момчиња и девојчиња кои можат да се очекуваат. Ова откритие е додаток на веќе постојните докази дека полот на детето не е само прашање на случај, туку врз него влијаат и начинот на живот и опкружувањето.

Судејќи според теоријата на еволуцијата, кога се условите добри и кога бебињата се здрави, најверојатно е дека мајката ќе пренесе гени „за момчиња“ на втората генерација. Здрави момчиња потенцијално ќе бидат татковци на стотина деца, со што ќе се обезбеди преживување на семејната лоза.

Меѓутоа, доколку мајката не е здрава или е неисхранета, раѓањето на момчиња ќе биде посиромашна инвестиција. Имено, малку е веројатно дека слабникаво и болникаво момче ќе успее да ја победи конкуренцијата, а можеби никогаш нема ни да стане татко или дури нема ни да преживее. Под тие околности, повеќе има смисла да се роди девојче кое нема да се соочува со конкуренција да остане бремена за да ја продолжи семејната лоза.

За да го тестираат влијанието на мајчиното богатство и здравјето врз полот на детето, холандски научници искористиле база на податоци од повеќе од 95.000 мајки од Руанда. Тие ја споредиле пропорцијата на момчиња по секоја жена со нејзиниот брачен статус кој е индикатор на нејзиното богатство и здравјето.

Како и во многу африкански земји, на мажите во Руанда им е дозволено да имаат повеќе од една жена. Во рамките на полигамните бракови главно е тесен хиерархискиот ред. Жените кои „подобро се рангираат“ имаат повеќе влијание и приходи од „пониско рангираните“. И колку повеќе жени има мажот, толку има помалку пари и храна за сите.

Како што се очекувало, пониско рангираните жени раѓале повеќе женски деца, отколку оние кои се „во врвот“ или оние во моногамни бракови, се наведува во извештајот на научниците во магазинот „Bilogy Leters“.

Жените не можат да контролираат дали ќе родат момче или девојче. Некои студии покажуваат дека девојчињата кои се во мајчиниот стомак се појаки и оти е помалку веројатно оти жената ќе има абортус доколку е мајката болна или е под стрес.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion