Дали знаете?

0
44

По прашањево веднаш следуваат одговори, така што е сеедно дали досега сте знаеле или не. Не ќе е лошо да запомните што е можно повеќе од нив:

  1. Мажите значително повеќе гинат од удар на гром одошто жените.
  2. Една унца (28.3 грама) злато може да се растегне во нишка долга 70 километри.
  3. Додека спијат, мажите значително повеќе паѓаат од креветот одошто жените.
  4. Според Кинси, половина од мажите одгледани на фарма имале сексуално искуство со животно.
  5. Енергијата која сонцето ја зрачи секоја секунда е еднаква на онаа што би се ослободила со детонирање на една хидрогенска бомба секоја секунда во период од 2.300 години.
  6. Градските гулаби се 5 пати поактивни од селските, но затоа и 5 пати пократко живеат.
  7. Првите зборови кога било изговорени во звучен филм биле „Wait a minute, you ain`t heard nothing yet “. Во филмот „The Jazz Singer“ ги искажал во 1927. година Ал Јолсон.
  8. Октофобија е страв од бројот 8.
  9. Канадски закон им овозможува на бисексуалците да гласаат во дистриктите во кои поминале една недела пред избори.
  10. Еуген Карнер е последниот човек кој бил на Месечината.
  11. Ноевото око е поголемо од неговиот мозок и јасно гледа на оддалеченост од 5 километри.
  12. Генераторот што ја полни воздушната перница во автомобилот се пали со иницирачка капсула која содржи 8 грама пластичен експлозив.
  13. Џиновската медуза „Cijanea arktika“ е најдолго животно на Земјата. Краците на најдолго пронајдениот примерок биле 36.5 метри.
  14. Во Канада е забрането да се плати нешто што чини 50 центи само со ситнина.
  15. Кулите на Светскиот трговски центар имале вкупно 43.600 прозорци.
  16. Ципридофобија е страв од проститутки или полово преносливи болести.
  17. Најтаинствената книга на светот е откриена во 1912. година во Италија. До ден- денес никој се уште не успеал да го дешифрира писмото.
  18. Во текот на една менструација жената губи 35 мл крв (едно шишенце лак за нокти). Во текот на годината 420 мл (просечна туба на кечап), а во текот на животот 15.540 мл (околу 15 кантички боја од 1 л).
  19. Кога човек го издувува носот, воздухот што излегува под притисок достигнува и 160 км/ч брзина!
  20. Човечките солзи ги произведуваат 4 жлезди сместени покрај очите, ја испираат рожницата и истекуваат во носот. Ако ги има премногу, се излеваат преку капаците. Она што е интересно е дека секој ден човекот излачува (и ако не плаче) околу половина литри солзи!

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion