Чудесно растение: брусница

0
61

Станува збор за растение- билка помеѓу најдобрите, најмоќните, најефикасните природни антибиотици. Плодовите се богати со различни заштитни материи за здравјето-содржат минелари, витамин А, витамин Ц, калиум и растителни влакна.

Црвените тврди бобинки имаат киселкаст вкус поради поголемото количество на витамин Ц.

Од лисјето и пловодите се прават лековити чаеви, во свеж облик се прават сокови, а плодовите можат да се чуваат замрзнати или сушени-со нив се прават џемови и вкусни сосови и јадења.

Свежи брусници, сок, замрзнати или сушени се природен антибиотик кој уништува штетни бактерии и габички во телото. Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство-можат да спречат појава на инфекции во уринарниот тракт (E. Colli бактерија), а нејзините материи дејствуваат врз уништување на бактеријатаHelicobacter pylori, која е предизвикувач на чир на желудникот. Исто така го намалуваат ризикот од појава на болести на забите и непцата.Состојците на брусницата го намалуваат ризикот од различни карциноми, како што се рак на дојката и дебелото црево, го спречува растот на ќелиите на ракот и нивното ширење низ телото. Брусницата помага при обнова на видот (очите), го намалува шеќерот во крвта, што ја прави мошне корисна за дијабетичарите. Плодовите од брусница се исклучително ценети во исхраната на лица изложени на стрес, а се и превенција кај кардиоваскуларните болести (на срцето и крвните садови).

Секој што сака може во двор или бавча да посади помал насад од брусници, така што да има лисје и плодови на дофат на ракта, а на пролет, на почетокот од март и април е вистинското време за тоа.

Постојат два главни типа: европски (Vaccinium vitis-idaea) и американски брусници (Vaccinium Macrocarpon-Cranberry).

Европските се убави, ниски грмушки,-25 см, целите зелени, покривни билки кои се шират. За својот раст мора да имаат во садничката јама хумусно кисела земја, со додаток на ѓубриво, вредноста на pH е помеѓу 4 и 5 киселост. При садењето се употребува кисел тресет, црна земја под дрво на четинари и струготина од четинари. За болести и штетници тие се отпорни растение.

Растојанијата на садниците на брусницата зависат од системот на одгледување, кој може да биде еднореден и во панделки. Во едноредниот 70 до 100 см помеѓу редовите и 25 до 30 см во редот. Тоа се смета за оптимално при механизирана обработка и движење во неа. На помали парцели и дворишта доволен е и квадратен распоред со растојанија 30х40 и 40х40.

При садењето во панделки растојанието помеѓу лентите е 40 до 60 см, а во нив помеѓу редовите 30 до 40 см и помеѓу растенијата 20 до 30 см. За сите растојанија важна е бујноста на сортата и начинот на одржување. За еден хектар насад се потребни околу 30.000 до 40.000 садници.

Квалитетен саден материјал подразбира едногодишни и двегодишни грмушки со добро развиен коренов систем. Добар прием и продолжување на вегетациониот период се обезбедува со коритење на контејнерски садници, при што се поедноставни транспортот, чувањето на садниците и др., но тие се нешто поскапи.

По садењето задолжително е залевање, посебно на песочни и лесни земјишта. Маличрањето на насадите на брусница го спречува растењето на плевел, ја снижува температурата на земјиштето, во текот на летото одржува рамномерна влага, спречува исушување, прегревање или измрзнување на слојот на земјиштето со коренот, а исто така ја подобрува структурата на земјиштето правејќи го поплодно. Најдобра е струготина. Дебелината треба да биде 2 до 5 см.

За постудени земјишта се препорачува црна фолија со која се спречува растење на плевел и се загрева земјиштето за созревањето да биде благовремено. Користењето на фолија подразбира инсталирање на системот за наводнување „капка по капка“.

Плодовите се јавуваат првпат кон крајот на јули, вторпат кон крајот на септември.

Една садница има многу плодови.

Американските видови брусница имаат ползечки фиданки со должина од 1 до 2 м, а на нив фиданки со должина од 20 см, на кои се цветовите и подоцна плодовите. При одгледувањето можат да се пуштат да одат по земја или се насочуваат во ред или на некоја ограда за полесно берење на плодовите. Фиданките се дрвенести, лисјето е темно зелено, зиме во фаза на мирување е црвенкасто. Плодовите се многу покрупни одошто кај европските, зреат на есен.

Се садат на пошироко растојание зашто треба да се пушти фиданките да разраснат. Се садат исто како европските, а во случај на суша треба да се залева околу садниците.

Сите видови садници се долговечни, траат 30 и повеќе години, а најмногу се садат европските видови на брусница.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion