Потребно време за читање: 4 минути

Босилекот (лат. Ocimum basilicum L.) е по потекло од африканскиот континент, а е култивиран уште во стариот Египет. Се претпоставува дека со освојувањата на Александар Македонски дошол во Македонија и Грција. На запад го пренеле трговци. Денес е распространет на поширокото подрачје на Средоземјето, а најголеми извозници се Италија, Франција, Мароко и Египет. Во делови на средна Европа е култивиран во 17. век. Во САД најмногу се одгледува во Калифорнија.

Според христијанската легенда, босилекот пораснал на местото на Исусовото распетие.

Постои народна изрека која гласи: „Душата на добрите луѓе мириса на босилек“.

Одгледувањето не е едноставно, зашто растението бара многу светлина и топлина. Ако е расадот изложен на превисоки или прениски температури, на суша или на прекумерно ѓубрење, едноставно се исушува. За да се продолжи времето на берба се берат возрасни листови, на чие место нараснуваат нови фиданки. Свежиот е ароматичен, додека сувите и зготвените лисја губат на арома.

Називот basilicum е латинизирана изведенка од грчкиот зборbasileos, што значи „крал“, со што тој со векови ја докажува својата важност.

Ова едногодишно растение нараснува до 40 см, а цути со розови или бели цветови на средишниот дел од стебленката и фиданките. Цути од јуни до септември, а плодот е долг 1,5 до 2 мм и е обвиен со зголемена чашичка.

Вообичаен е зелениот босилек, но постојат уште и виолетов и темен.

Octimum sanctum се цени како свето растение често присутно во многу верски обреди, освен што е крунисано со прекрасен мирис и со многу лековити својства.

Интересно е дека на „кралот на растенијата“ Хиндусите му припишуваат огромна света и лековита моќ, па го употребуваат исклучиво за лечење на болести. Во знак на почит не го користат во редовната исхрана, а како зачин употребуваат само обичено босилек.

Прочитај и за ... >>  Јадрата на сливите и кајсиите во борба против канцер

Современите испитувања потврдуваат дека светиот босилек секако благотворно дејствува врз човечката психа зашто има смирувачко дејство, па се препорачува како природен лек против стрес и напнатост настанати поради секојдневни грижи и притисоци. Посебно е корисен за лица чија професија бара големи интелектуални напори зашто придонесува и за подобро помнење.

Листовите на босилекот имаат слаткаст ароматичен мирис и по малку остар, иако пријатен вкус. Содржат 0,3-0,8% етерично масло, татин сапонин и горчливи материи.

Во етеричното масло на босилекот има естрагол или метилкавикол кој потсетува на анис. Тој исто така содржи линалол, цинеол и други антисептички состојци кои уништуваат штетни бактерии во храната и го спречуваат нивното растење. Поради тоа се користи како природен конзерванс.

Поимот етерично масло подразбира мирисливи (ароматични) масла што се добиваат со постапка на истиснување или дестилација од делови на растението (корен, лист, цвет и семе). Иако во називот се спомнува „масло“, станува збор за сосема немасни, лесно испарливи течности со интензивен мирис. Тоа се концентрати богати со мирисливи материи карактеристични за тој растителен вид. Претежно се користат во фармацевтската индустрија за ароматизирање на разни лековити средства, но имаат примена и во прехранбената индустрија, особено во индустријата на освежителни напитоци, пијалоци, бонбони и др.

Како и повеќето зачински растенија што на јадењето му даваат карактеристичен вкус, босилекот е одлична замена за сол, па начинот на исхрана во кој наместо сол се користи зачинско растение посредно дејствува и врз снижувањето на висок притисок и остранувањето на целулит. Освен што го подобрува вкусот и го збогатува мирисот на многу јадења, тој со своите состојци поволно влијае врз здравјето на организмот.

Прочитај и за ... >>  Магнолија

Босилекот го поттикнува апетитот и поволно влијае врз варењето и рамнотежата на цревната флора.

Поволно дејствува на нервниот систем: ги смирува нервната напнатост, мигрена, го подобрува помнењето и го остратнува менталниот умор.

Листови од свеж босиелк обмотајте со влажна кујнска хартија, ставете ги во пластична кесичка и држете ги во замрзнувач најмногу два дена. Свежиот босилек може да се измеша во путер со свежо мелена пиперка и исечкана лимонова корупка, па ќе добиете ароматичен путер кој можете да го послужите преку разни видови на печено месо и риба.

Листовите можат и да се конзервираат во маслиново масло или оцет и да се замрзнат или исушат. Во текот на зимските месеци босилекот можете да го конзервирате така што листовите ќе ги ставите во стаклени садови, благо ќе ги посолите и ќе ги прелеете со маслиново масло. Садовите цврсто затворете ги и ставете ги во замрзнувач.

Ако листовите сакате да ги замрзнете, тогаш треба да се измешаат со малку вода и да се стават во сад за мраз. Кога коцкичките ќе замрзнат, можат да се држат во замрзнувач во пластични кесички.

Свежите листови можат да се исушат, па е потребно да се чуваат на суво и проветрено место, заштитено од сонце. Стаклените садови мораат да бидат темни и добро затворени. Сушениот босилек има појак вкус од свежиот, па додајте го во варива и разни други јадења од зеленчук, најнапред во грашок или грав и разни салати.

Прочитај и за ... >>  Необично градинарство

Чај од босилек- во форма на чај најчесто се применува кај лечење на воспаленија (желудник, црева), магарешка кашлица, почетни состојби на туберкулоза и кај болестите на мочните органи (бубрег, бешика). Го ублажува кашлањето, лечи афти, а служи и за гргорење кај болести на грлото и против зарипнатост. Масло на босилек се смета за одлично средство против акни. Освен што придонесува за подобра општа состојба на организмот, ги ублажува симптомите на главоболка, несоница и мачнина.

Етерично масло од свет босилек- дејствува антибактериски, добар е антиоксидант, а често се употребува и како природно средство против надување.

Етеричните масла од босилек во разни лековити средства се употребуваат со инхалирање, бањање во када и под туш, при масажа и кај ароматизирање на простории. Во организмот ги внесуваме преку кожата или со вдишување, а потоа преку крвотокот доспеваат до клетките. На тој начин дејствуваат врз здравјето, јакнејќи го имунитетот и поволно дејствуваат врз психичката состојба. Многу досегашни истражувања покажаа дека етеричните масла имаат антибактериско, антивирусно и антисептичко дејство.

Сок од босилек-се подготвува од свежи листови и се користи за испирање на уста и грло, како и против кожни заболувања и убод на инсекти. За лечење на разни воспаленија во усната шуплина потребно е неколку пати дневно да се џвакаат неколку листови на босилек, што наедно ќе го острани и непријатниот мирис од устата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here