Businesspeople of successful company gathered with background arrow upwards
Потребно време за читање: 4 минути

Џејмс А. Кусумано (James A. Cusumano) или со еден збор: експерт. Човек кој својата startup фирма со само двајца луѓе ја претвори во зафат со 1.700 вработени, за најпосле да ги претвори во пари за речиси милијарда долари, очигледно знае како да го придвижи светот.

Тој стручњак за подрачјето на нанотехнологијата е поранешен директор на каталитичкиот оддел на R&D во Exxon, втора најголема американска компанија. Го напушти Exxon за да ја основа компанијата Catalytica. LLC, која развила некои од најзначајните лекови денес на пазарот.

Освен што предава ширум САД, Европа и Јапонија, тој е и автор на над 50 научни трудови и 20 патенти. Повремено гостува и во Хрватска како председавач при CBA (www.cba.com.hr), чиј е наедно и претседател.

Во овој напис др. Кусумано ја редефинира тајната на деловниот успех, сведувајќи ја на 7 точки. Секој што кога било започнал сопствен бизнис, ќе го прочита и ќе каже: „Да сум го знаел тоа барем порано!“. Непроценливи совети за претприемачите, кои претставуваат тенка линија помеѓу успехот и промашувањето.

Кусумано најголемите успеси ги постигнал водејќи ја компанијата Catalytica, која била фокусирана на каталитичките технологии. Повеќе од 25% од производството на светските производи во домаќинството се темелат на каталитичката технологија, вклучувајќи го производството на гориво, фармацевтските, како и прехранбените производи, пластиката, полимерите, а неговата фирма ја креирала молекуларната катализа на нанометриската скала и со тоа станала еден од пионерите на нанотехнологијата.

Повеќе од десетлетие создавале финансиски успешна, социјално ориентирана фирма. Екипите од стручњаци работеле на повеќе од 200 проекти за над 100 компании во 25 земји, како на пр. за Pfizer, Johnson & Johnson, General Electric, Mitsubishi и многу други. Им заштедиле време, пари и трошоци за заштита на околината- а истовремено станували се поупатени во критичните индустриски проблеми, како и во насока на развој на деловниот сектор.

Прочитај и за ... >>  За менаџерските мотивациски техники

Во доцните 80-ти години решиле да ја променат стратегијата. Сакале да започнат производство, за да ги унапредат вештините и знаењата на подрачјето на каталитичките науки. Се одлучиле за два растечки пазарни сектора каде што знаеле дека ќе профитираат од нивните технолошки вештини-фармацевтиката и енергетиката.

За да им пристапат на тие пазари формирале две деловни единици-Catalytica Energy Systems (CESI) и Catalytica Pharmaceuticals (CPI). Во CESI развиле каталитички системи кои овозможуваат производство на евтина енергија со минимално загадување. Catalytica била една од првите фирми која го поддржувала концептот на заштита на околината. CESI била фокусирана на еколошки прифатлива технологија на дизел мотори и гасни турбини, а CPI им помагала на големите фармацевтски фирми, како на Pfizer, да развијат евтини, еколошки поставени процеси со користење на сигурни суровини, а потоа произведувала многу од тие лекови под договор.

За да ги пласираат CESI и CPI, вложиле повеќе од 80 милиони долари капитал во тој деловен зафат и тргнале со иницијални јавни понуди на акции на пазарот на капитал. CPI постигнала голем успех. Catalytica станала една од најбрзо растечките компании во Силиконската долина. За помалку од 5 години Cusumano и неговите партнери го развиле CPI од тројца луѓе и без продажба на претпријатие со повеќе од 1.700 луѓе, како и речиси 500 милиони долари приход. CPI произведувала повеќе од 50 најзначајни лекови за интернационални фармацевтски компании.

Во 2002. година една од конкурентските фирми, DSM Pharmaceuticals од Холандија, ‘им дала понуда на која не можеле да одолеат’. Ја продале Catalytica Pharmaceuticals за повеќе од 800 милиони долари и со тоа усреќиле многумина акционери.

Кусумано истакнува дека тој и неговите партнери, создавајќи ги овие фирми, направиле некои грешки кои за среќа не биле кобни. Но, притоа научиле како да се создаде успешно претпријатие. Тој смета дека критериумите за создавање на успешно претпријатие се културолошки независни. Нема разлика дали ги применувате при создавање на фирма во САД, Чешка или Кина. Според неговото мислење, клучни услови за успешно остварување на целта се:

Прочитај и за ... >>  Се учиме ли на грешките?

1. Вработете вистински луѓе на вистински позиции во вистинско време-и елегантно избегнете ги оние кои прават грешки (Сите ги правиме!) што е можно побрзо;

2. Концентрирајте се, концентрирајте, концентрирајте!;

3.Рано создадете комерцијален успех-не мора да биде голем;

4. Имајте способен водач на чело;

5. Стремете се кон растечки пазар-или уште подобро, создадете го сами!;

6. Создадете цврсти, доследни, стабилни можности за Вашите клиенти;

7. Имајте план, но останете флексибилни.

Сите седум елементи се нужни за успех, но првите четири се критични, а често токму тие се оние поради кои повеќето фирми пропаѓаат.

Предизвик број еден е вработување на вистински луѓе на вистински позиции во вистинско време. Во раните фази на развојот на фирмата претприемачите се наклонети да вработуваат пријатели, роднини или останати, кои со натамошниот раст на фирмата престануваат да се вклопуваат. Претседателот на управата и неговиот тим на луѓе често не се соочуваат со проблемите на тие вработени за да им помогнат да пронајдат поефикасни, ним прилагодени позиции надвор од фирмата. Обично кризата се појавува и тогаш проблемите стануваат уште поголеми. Сите ќе профитираат доколку таквите проблеми се решат што побрзо.

Ставањето на акцент на концентрацијата не може да биде претерано. Со текот на времето се укажуваат бројни можности. Со ограничување на ресурсите и стриктни временски ограничувања, фирмата не може да се посвети на сѐ и да успее. Менаџмент тимот мора да ги избере најдобрите можности и да ја концентрира сета енергија на фирмата на нив.

Доколку во раната фаза на развој се случи комерцијален успех, тоа ќе ѝ донесе неверојатни бенецифии на новата фирма. Да се послужиме со аналогијата на baseball, порадо погодете неколку „сингли“ удари наместо да се обидувате да ги оптрчате сите бази и да остварите цел „home runs“. Раниот комерцијален успех му овозможува на менаџментот поголем кредибилитет, а на фирмата поголема проценка. Успешното претпријатие често мора да собира пари за раст. Со поголем кредибилитет и повисоки проценки многу помал дел од фирмата се губи во секој круг на финансирање.

Прочитај и за ... >>  Најчести грешки во инвестирањето

Да се има способен водач се чини нужен услов за успешна фирма. Но кои се клучните карактеристики на таквиот раководител? Според мислењето на Кусумано ги има пет, а заедно создаваат два најважни вредносни елемента за долгорочен успех: дух и интегритет на фирмата.

Силна визија и реалистична стратегија: Претседателот на управата мора пред сѐ активно да ја води фирмата во согласност со и верност спрема силната визија, како и реалистична стратегија за нејзина изведба.

Страсти:

Претседателот на управата мора доследно да ја покажува својата страст за следење на таа визија. Ништо не ги поттикнува луѓето повеќе, ништо не го продава производот подобро и ништо не привлекува поголемо количество на позитивно внимание од чиста, незауздана страст.

Истрајност:

Претседателот на управата мора да биде отпорен на грешки. Сетете се на предупредувањето на Winston Churchill на сојузничките трупи: „Никогаш, никогаш, никогаш не се откажувајте!“.

Дисциплинираност:

Личната дисциплина е клучен атрибут на сите успешни водачи, особено кога се работи за создавање на одличен трошок за сите акционери-не само за инвеститорите- туку и за вработените, општеството, планетата.

Сомилост:

И последниот, петти квалитет на големите водачи е разбирањето. Тие ќе „дадат рака в оган“ за своите луѓе. А сигурно е, ситуацијата која тоа ќе го бара ќе се случи повеќе од еднаш.

Вистина е дека предизвиците понекогаш знаат да бидат мошне големи, но нема ништо ниту приближно толку вредно како создавањето на нешто ново, нешто што поседува движечка сила и навистина може да евоцира промени.

(Преземено и преведено од: http://www.biznis.ba/)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here