25. Самост во никоја доба
Незнајни нечујни гласови
во искри треперливи
ме довикуваат буден
заедно да ја надвладееме
оваа самост што немее
години неброени.
Незнајни дека се
од друг свет дојдени,
заскитани во земја
пеплосана;
нечујни за никој друг
освен јас
да ги препознавам
како мои;
во искри треперливи
зашто не можат без мене
во сон
кој допрва заедно
ќе го одживееме
низ нова игра
на молскоти небесни.