ВО ЖИВ ПРОСТОР ЖИВО ВРЕМЕ, Залезни мигови, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

19. Меѓу земја и небо

Стои цврсто на нозе
меѓу земја и небо,
замислен;
дали уште некое време
да постои
или да тргне
кон нов хоризонт
ту близок ту далечен.

Замислен е зашто сам
долго, та предолго
стои така
меѓу земја и небо,
а залезот на денот
без ноќ негова
сè повеќе навалува.

Се прашува зошто
нема одговор
дали да тргне
кон колку може
подлабоко в земја
или да почне
да се извишува
до небо
за на небо да изгрее
заедно со сонце негово.

Меѓу небо и земја
тој е најчесто птица
бескрилна.

Leave the first comment