42. Уште жив
Човеков е уште жив
во својот круг жив
за живот по живот;
со последен
и најдлабок воздив
заробен
од последни издиви.
Уште е жив
во својот круг жив
зашто зрак сончев
секогаш жив
не става точка
на залез со изгрев
заробена
од надминати
и ненадминливи
премрежија. Жив е уште
човеков како човек
кој се надева дека
буден ќе се раздели
на ништо и заборав
додека
уште има рожба
со него негова.