ВО ЖИВ ПРОСТОР ЖИВО ВРЕМЕ, поетска инсталација

Потребно време за читање: < 1 минута

17. Помеѓу

Човек е најчесто помеѓу
сон и стварност,
заумност и стварност,
неизвесност и стварност,
живот и стварност.

И не многу време,
додека стварноста
не ја очовечи
не само за себе,
туку за секој со него
во жив простор
сосе живо време.

Најчесто помеѓу,
зашто стварноста сама
никој
не може да ја скамени.

Leave the first comment